motori CBR600RR-Aerodynamics_02_gallery_largeХонда го претстави CBR600RR 2013 на саемот „EICMA“ во Милано на кој присуствуваме и имавме прилика одблиску да се запознаеме со новиот модел. Видно изменетата предница беше најава дека инженерите во Хонда ги засукале ракавите и сериозно работеле на аеродинамиката,  па затоа и главниот акцент беше ставен на подобрувањето за 6,5% во однос на претходниот модел.

CBR600RR-Aerodynamics 02_gallery_large

Хонда го претстави CBR600RR 2013 на саемот „EICMA“ во Милано на кој присуствуваме и имавме прилика одблиску да се запознаеме со новиот модел. Видно изменетата предница беше најава дека инженерите во Хонда ги засукале ракавите и сериозно работеле на аеродинамиката,  па затоа и главниот акцент беше ставен на подобрувањето за 6,5% во однос на претходниот модел. Но што всушност значат тие 6,5% помало триење? Во продолжение следуваат термички слики за триењето на новиот CBR600RR во споредба со тркачката машина на Хонда, онаа со која настапуваа Кејси Стонер и Дани Педроза во МотоГП, „RC212V“.

CBR600RR-Aerodynamics 01_gallery_large

Деловите кои се обоени во црвено се оние на кои најмногу има притисокот на воздухот, а оние делови на моторот на кои има послабо триење бојата преминува од жолта, зелена и на крајот сина. Според сликите очигледно е дека аеродинамиката која ја постигнале на новиот модел е одлична и е многу слична со онаа на тркачката машина. Најголема заслуга за ова има предната маска која е закосена навнатре во делот кај светлата со што директно се насочува воздухот кон агрегатот, токму онаму каде што е потребен. Намалениот отпор и зголемениот проток на воздух значат и подобри перформанси за Хонда, во однос на конкурентите.

honda-cbr600rr-eicma-2013

Новите модели на Хонда ќе пристигнат во салонот на Макпетрол кон крајот на февруари/почетокот на март следната година, цената за новата Honda CBR600RR изнесува 11.990 евра, а моделот со АБС ќе чини 12.990 евра.

Back To Top