Добро запaмтете го концептот Honda Africa Twin Enduro Sports бидејќи овој авантуристички концепт е можеби најдобриот оф роуд авантуристички мотоцикл што ќе се појави на пазарот.

Добро запaмтете го концептот Honda Africa Twin Enduro Sports бидејќи овој авантуристички концепт е можеби најдобриот оф роуд авантуристички мотоцикл што ќе се појави на пазарот.

Honda Africa Twin Enduro Sports Concept 02

Изграден врз основа на Honda CRF1000L Africa Twin, овој концепт има за цел да ја прошири фамилијата на Africa Twin и да привлече што  е можно повеќе нови возачи.

За да го постигне ова, Honda направи неколку полесни делови за шасијата (од компанијата не кажуваат кои се тие делови) кои првично беа развиени за моделот Honda CRF450 Rally, кој пак се натпреварува на релито Дакар.

Неговиот изглед е прилично агресивен, особено со променетите предни светла. Исто така, поспортски изглед имаат визирот и издувот.

Концепт мотоциклите на Honda многу често, за една или две години, стануваат модели кои се наоѓаат во производство. На нас воопшто не би ни било проблем доколку имаме ваков мотоцикл во гаража. Што мислите вие?

Back To Top