“ Новиот KTM RC390, кој ќе се најде во продажба во 2014 година, ќе биде квалитетен и достапен спортски моторцикли,” изјави извршниот директор на KTM, Стефан Пиерер.

77947 KTM RC390 Cup Presentation

“ Новиот KTM RC390, кој ќе се најде во продажба во 2014 година, ќе биде квалитетен и достапен спортски моторцикли,” изјави извршниот директор на KTM, Стефан Пиерер. Тркачкиот моторцикл што го гледате на сликата е претходник на уличниот,спортски моторцикл. Да бидат работите појасни: моторциклот што го гледате на сликите е KTM RC390 Cup. Тој е тркачки моторцикл за помладите возачи. Но, додека го претставуваа овој модел, KTM најавија дека модел сличен на KTM RC390 Cup ќе се најде на продажба наредната година. Тој моторцикл ќе се нарекува KTM RC390.

77948 KTM RC390 Cup Presentation

Иако прв пат го гледаме овој моторцикл, Пиерер и претходно има зборувано за него. Во интервју за Cycle News тој изјави: “Започнавме со Duke моторциклите, но KTM развива нова фамилија на моторцикли базирани на истата платформа и кои ќе бидат целосно опремени спортски моторцикли. Моделите RC125, 200 и 390 ќе бидат претставени на EICMA мото шоуто во Милано во ноември.”

“Тие во основа ќе ја имаат истата платформа како Duke моторциклите но ќе имаат различен изглед. Мислам дека Џерард Кишка и неговите дизајнери направија одлична работа,”додаде Пиерер. Споредувајќи ги RC390 Cup и KTM 390 Duke, ќе забележиме дека имаат ист мотор,сопирачки, суспензија и главна шасија. Најголема разлика се забележува кај подрамката и поголемиот, страничен издувен вентил.

Иако има многу достапни,спортски моторцикли на пазарот, ниту еден не е вистински спортски моторцикл кој би бил наследник на Aprilia RS250 или FZR400R.

77946 KTM RC390 Cup Presentation

Моделот 390 Duke тежи 306lbs и има 43bhp а моделот RC390 Cup е тежок 286lbs но неговата моќност е намалена на 38bhp. Можеме да очекуваме дека производствениот моторцикл ќе ја има истата моќ и тежина како моделот Duke.

Цена и достапност во Америка? Иако моделот 390 Duke ќе се најде на пазарот во Америка во 2014 година, сеуште не е позната неговата цена. Во Европа чини 5000 евра во зависност од пазарот. Тоа е малку поефтино отколку Kawasaki Ninja.

Back To Top