Британскиот производител на автомобили Лотус ќе влезе во бизнисот со мотоцикли.

Lotus-Motorcycles

Компанијата позната по своите тркачки и луксузни автомобили ќе соработува со поранешниот дизајнер на Volkswagen Даниел Симон, Holzer Group од Германија и тимот Kodewa. Заедно ќе го формираат Lotus Motorcycles.

Компанијата е основана за да го дизајнира и произведе првиот мотоцикл на познатата фабрика. Моторциклот ќе се вика Lotus C-01 и според соопштението за печат ќе биде комбинација од дизајн, висока технологија и стил на живот. Моторциклот ќе биде направен од јаглерод,титаниум и челик и ќе има мотор од 200hp. Lotus C-01 ќе биде дизајниран од Даниел Симон. Тој е поранешен дизајнер на Бугати а од неодамна е и одговорен за создавањето на некои од најсофистицираните автомобили во Холивуд.

Некои од неговите најпознати дизајни се ‘Lightcycle’ од филмот ‘Tron: Legacy’ и ‘Bubbleship’ од хитот ‘Oblivion’.
Даниел Симон изјави:“Со Lotus C-01 имаме само една амбиција: да создадеме уникатна машина која ќе има голема сила комбинирана со елеганција и стил. Лотус е големо име со богата историја. Обликот на прекрасниот Lotus 49 беше главна инспирација. Пресекот на минатото и иднината никогаш не престанува да фасцинира а исто така и уникатната идеја на C-01.”

Во следните неколку недели ќе можете да ги видите сликите од новиот мотоцикл како и објаснување што може да се очекува од новиот Lotus C-01.

Ние можеме да очекуваме дека Lotus C-01 ќе биде многу, многу скап...

Back To Top