Момчињата и девојките од Варезе, Италија, даваат скромни информации за моделот MV Agusta F4 за 2013 година. Сепак веќе е познато дека четири-цилиндричниот супербајк ќе има стандарден ABS пакет од Бош.

mv-augusta-f4-rr-abs

Со помош на двоканалниот „Bosh 9M+“ систем кој вклучува анти блокирачки сопирачки + систем против пролизгување на задното тркало, F4 ќе може подобро да се справи со сопирањето на лизгави и влажните површини. Како што сугерира името „anti-rear wheel lift“ системот на Бош ќе го спречи задното тркало од подигнување при јако сопирање.

MV Agusta програмираше две нивоа во ABS пакетот: Нормален и тркачки. Кај „нормалното“ ниво, ABS се уклучува слободно и цело време, а кај тркачкото, нивото е поставено многу повисоко. Она што е добро е тоа што доколку сакате, Бош 9М+ може и комплетно да го исклучите.  

Додавањето на ABS на MV Agusta F4 ја копмлетира модернизацијата на супербајк мотоциклите на Италијанската компанија. Тие веќе додадоа контрола на тракцијата и електронски прилагодлива суспензија.

mv-augusta-f4-rr-bosch-abs

Back To Top