Мотоцикли

MV Agusta F4 RC 2018: тркачки мотор за возење на улица

MV Agusta само што го претстави 2018 F4 RC, модел од рангот на Светскиот Супербајк шампионат кој може да се вози на тркачка патека и на улица.

Следете нè на:

 

Визуелно, мотоциклот не се разликува премногу од претходниот модел, но сепак има нова боја која се совпаѓа со онаа која ја има тркачкиот фабрички тим.  Бројот 37 гордо стои на овој мотоцикл и го означува бројот на титули кои ги има досега освоено Италијанскиот производител.

2018 mv agusta f4 rc is one of the most exclusive bikes around 4

Срцето на новиот MV Agusta F4 RC е четири цилиндричниот мотор кој е позајмен од тркачкиот F4 Reparto Corse заедно со ланецот за централна дистрибуција и радијалните вентили кои можат да се прилагодат за да се извади максимум од 250-те коњски сили.

Моќноста на мотоциклот се оддржува под контрола благодарение на оптимизираната електронска платформа која исто така може да се прилагоди. Параметрите како што се, осетливост на гаста, максимален број на вртежи, моторно сопирање исто така можат да се прилагодат во зависност од потребите на возачот. Меѓу стандардните додатоци се и сензорот за навалување, три жироскопи и три мерачи на брзината. Специјалната CrMo челична рамка има USD Ohlins вилушка .

За сопирањето се грижат 320mm дискови кои се напред и кои се поддржани од Brembo клипови. На задната страна пак има диск сопирачка од 210mm.

Од компанијата не кажаа колку примероци ќе бидат произведени но потврдија дека одреден број на мотоцикли ќе бидат рачно изработени со истата посветеност со која беше направен и F4 Reparto Corsa на Леон Камиер.

Сакате поголема моќност и ексклузивност? Не грижете се бидејќи MV Agusta исто така ќе понуди и специјален додаток сместен во елегантна кутија, односно, SC-Project единечен издув кој е направен од титаниум, топлински штитници изработени од јаглеродни влакна и уште неколку други работи.

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!