Мотоцикли

Нов CCM Spitfire Bobber

Во февруари минатата година, CCM го искористи своето присуство на MCN шоуто кое се оддржа во Лондон да го претстави Spitfire: рачно изработен мотоцикл кој го има во ограничен број.

Следете нè на:

 

Во февруари минатата година, CCM го искористи своето присуство на MCN шоуто кое се оддржа во Лондон да го претстави Spitfire: рачно изработен мотоцикл кој го има во ограничен број.

CCM Spitfire Bobber 01

 

За само една недела, компанијата успеа да продаде повеќе од 150 примероци. Сега CCN го додаде и петиот мотоцикл кој ќе биде дел од Spitfire линијата, а според нас, тој е најдобриот досега.

Spitfire Bobber ја користи истата рамка и вилушка како и останатите модели, а исто така го има и истиот 600cc мотор кој развива 55кс. Но тој има радикално нов изглед. Мотоциклот за прв пат ќе биде прикажан на мотошоуто во Лондон кое ќе се оддржи од 15-ти до 17-ти февруари, а потоа во ограничен број, ќе се најде и во продажба.

CCM Spitfire Bobber 02

Би можело да ве интересира

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Piaggio објави нова верзија на MP3 со значителни подобрувања на моделот 500 како и целосно нов модел 350.

Само што слушнавме една информација од Harley-Davidson која веруваме дека ќе сакате да ја знаете. Веќе подолг период има гласини дека компанијата со седиште во Милвоки планира да објави нешто поврзано со нејзината иднина.

На новиот модел алгоритмите на KTM, со помош на компјутер ги корегираат грешките на возачот. Само притиснете на сопирачките и мотоциклот ќе застане. Но што доколку возачот го фати паника и премногу силно притисне на предната сопирачка кога е веќе внатре во свиокот? Мотоциклот ќе се исправи и ќе застане.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!