Honda туку што претстави група на мотори со зафатнина од 400cc наменети за Јапонскиот пазар.

55627

Honda туку што претстави група на мотори со зафатнина од 400cc наменети за Јапонскиот пазар.

И да, доколку мислите дека ви се познати од некаде тоа е бидејќи се многу слични на моторите од 500cc кои ги нудат таму.

Името CBR400R има големо значење за многу мотоциклисти во Европа кои можеби имале искуство со сивите, четири цилиндрични мотори како CBR400RR 'Babyblade', VFR400R и CB-1. Со идентичната но помоќна 500cc верзија веќе достапна на стариот континент, шансите за продажба на овој мотор се многу мали.

55625

Трите нови модели ќе го имаат централното место на штандот на Honda на мотошоуто во Осака кое започнува во петок. На изложбата исто така ќе биде претставен и „Cross Cub“ – оф роуд верзија на стариот модел, кој неколку пати до сега веќе беше прикажан на вакви настани.

55626

Исто така ќе биде прикажан и моделот Honda Grom, кој би требало да биде рекреационен мотор со зафатнина од 125cc кој овозможува екстремно возење. Honda сеуште нема објавено слики од овој модел но се сомневаме дека ќе биде сличен на MSX125.

Back To Top