Новиот BMW, C400X е атрактивен премиум скутер со среден капацитет, создаден за урбана средина.

Новиот BMW, C400X е премиум скутер со среден капацитет. Создаден за урбана средина, од BMW велат дека тој е интересен за возење, а исто така и екстремно практичен. Но тие сигурно не би кажале нешто лошо за нивниот мотоцикл, нели?

bmw c400 1

C400X има тежина од 204 килограми, развива 33.5кс, a моторот е со зафатнина од 350cc кој оперира преку CVT. Скутерот исто така доаѓа опремен со ABS сопирачки како и системот на BMW за контрола на тракцијата. А како и сите добри скутери денеска, компанијата овој модел го опреми со голем број на електронски додатоци.

Стандарден дел се LED светлата, а како додаток можете да имате 6.5 инчна TFT табла. Ова ви овозможува да го поврзете вашиот телефон со мотоциклот и да го користите GPS системот.

Како што можете да очекувате кај повеќето скутери, и овој модел има солиден простор за багаж под седиштето кое е поделено на два дела.

Back To Top