Kawasaki ја шири линијата Versys преку новиот 2017 Versys-X 300, лесен авантуристички мотоцикл кој е одличен за помалите возачи или за оние кои не сакаат да потрошат премногу пари на сличен мотоцикл.

Kawasaki ја шири линијата Versys преку новиот 2017 Versys-X 300, лесен авантуристички мотоцикл кој е одличен за помалите возачи или за оние кои не сакаат да потрошат премногу пари на сличен мотоцикл.

Срцето на новиот Kawasaki Versys-X 300 е истиот 296 cc, parallel-twin мотор со водено ладење кој го има и кај Ninja 300. Сепак, во овој случај, тој е променет да има ниска или средна моќност. Двојните вентили исто така допринесуваат за подобро согорување и за помала потрошувачка на гориво.

new 2017 kawasaki versys x 300 unveiled at eicma 8

Како и повеќето модерни мотоцикли, новодизајнираниот, челичен заден дел го користи моторот за да ја задржи ригидноста и тежината надолу. При производството на мотоциклот, посебно внимание беше посветено на изгледот. Тој има интересен авантуристички стил но исто така изгледа и на голем мотоцикл, нешто што им се допаѓа на многу возачи во последно време.

Има големо ветробранско стакло кое го штити возачот како и поголеми рачки за полесно маневрирање.  На таблата има индикатор за брзина, колку колку гориво има останато како и колкава е просечната потрошувачка на гориво.

ABS сопирачките како Euro 4 се стандарден дел, а исто така има и голема листа на додатоци кои ги надополнуваат потребите на секој возач.

Покрај стандардниот модел, ќе се појават и две специјални изданија. Versys-X 300 Urban има штитници за рацете, централен потпирач како и 30 литарска кутија за багаж додека пак моделот Versys-X 300 Adventure има штитници за моторот, централен потпирач како и 17 литарска кутија за багаж.

Back To Top