Иако задоцни за саемот „EICMA“ во Милано, од Хонда ни доаѓа новиот модел во сегментот на крузерите, познат како Honda Valkyrie.

2014-Honda-Valkyrie-12

Иако задоцни за саемот „EICMA“ во Милано, од Хонда ни доаѓа новиот модел во сегментот на крузерите, познат како Honda Valkyrie.

Новиот модел кој доаѓа од Хонда ќе го носи името Valkyrie наместо ознаката F6C. Моторот инаку се базира на агрегатот од Honda Goldwing (зафатнина од 1832 cm3), а замислен е како алтернатива на „бегерот“ кој го претстави Хонда минатата година, Honda Gold Wing F6B.

Валкири како модел за прв пат се појави во 1996 година и по природа на нештата последниот модел е нај софистициран до сега. Моќниот мотор нема проблем со тежината која изнесува 340кг, седиштето сега е поставено ниско (само 73цм од земја), а поставеноста на моторот и нискиот центар на гравитацијата придонесува за лесно возење и поголема управливост на моторот.

Забележливи се и нови детали како рачките за држење на сопатникот кои можат да се извадат, исто како и задното седиште доколку се одлучите да возите соло. Како и на секој друг нов мотоцикл, фаровите и штоповите се со ЛЕД диоди, а не можеме да не забележиме дека предната маска наликува на Suzuki B-King.

Времето ќе покаже дали новиот изглед на Валкири е вистинска насока за култниот мотор, но сигурни сме дека љубителите на крузерите ќе му посветат внимание на новиот модел на Хонда.

Back To Top