Yamaha MT-09 е комплетно нов концепт во развојот на нејкед мотоциклите.

995807 667668413260360 959864177 n

Yamaha MT-09 е комплетно нов концепт во развојот на нејкед мотоциклите.

Yamaha го претстави новиот мотоцикл кој се одликува со компактен рам и високо туражен три-цилиндричен агрегат.  Инженерите од Јамаха го замислуваат новиот модел како ѕвер со лесно срце, па така моторот со зафатнина од 850цц и три цилиндри развива 115кс и има полна тежина од 190кг. 

Според она што може да се види, позицијата на телото е соодветно на мотард стилот на алуминиумскиот рам, па доколку се остварат навестувањата за моќноста на мотоциклот при низок вртежен момент, сигурни сме дека ќе гледаме често возење на задно тркало со овој модел.

Од Мото Азуро сеуште нема најава за цената за македонскиот пазар, но се надеваме дека наскоро ќе имаме подетални информации и можност да го пробаме ѕверот. 

Back To Top