Honda Gold Wing се смета за еден од најдобрите мотоцикли во својот сегмент и покрај фактот дека за прв пат беше претставен во 1974 година. Судејки според фотографиите од моделот за 2018 година, се чини дека Јапонскиот производител одлучи да направи големи промени кај новиот модел.

2018 honda gold wing leaks out with new front suspension 119593 1

Работите се променети во луксузната туринг класа. ABS сопирачките, неколку модули на возење, контрола на тракцијата сега доаѓаат како составен дел на мотоциклите па оттука може да се очекува овие работи да ги има и кај Gold Wing 2018. Двојна трансмисија слична како кај новиот Africa Twin исто така треба да биде дел од мотоциклот но најголема промена се очекува да има кај предната суспензија.

Како што можете да видите на фотографиите, Honda Gold Wing 2018 ќе доаѓа со специјална предна суспензија. Новата суспензија ќе користи две шипки кои ќе бидат поставени на алуминиумско лежиште. Исто така ќе има единечен амортизер кој ќе се наоѓа некаде под рачките и кој најверојатно ќе биде полуактивен.

Моделот се очекува да го има и новиот DTC систем заедно со седум брзини и рикверц за полсено паркирање. Очекуваме моделот да биде претставен на мото саемот „ЕИЦМА“ во Милано на кој ќе присуствуваме, а ќе се оддржи во ноември.

2018 honda gold wing leaks out with new front suspension 1

Back To Top