Мотоцикли

Одблизу и лично со Kawasaki Z900RS

Во октомври, за време на мото шоуто во Токио, Kawasaki го најави новиот Z900RS. Имав можност одблизу да ја разгледам оваа ретро машина на саемот „EICMA“ во Милано и морам да кажам дека бев импресиониран.

Следете нè на:

 

Не само што дизајнерите на компанијата одлично си ја завршија работата, перфектно доловувајќи го ретро стилот, туку тој е речиси идентична копија на '73 Z1. Но тој не изгледа само убаво на лик туку и неговите перформанси се одлични. Колку е добар? Ајде да им дозволиме на Kawasaki да кажат нешто повеќе за него.

z900rs 3

Мотор

Z900RS има DOHC, 16-вентилен четири цилиндричен мотор со водено ладење и зафатнина од 948cc. Од компанијата велат дека тој испорачува силен низок и среден вртежен момент кој им овозможува на возачите одлична контрола над мотоциклот. Позиционирањето на 36 милиметарски тела за контрола на гаста му овозможува на воздухот директен пат до комората за согорување, надополнета со „ ECU- sub throttles“ која пак овозможува одлична реакција на гаста.

Пренос

Преносот кај Z900RS е дизајниран да има лесна прва брзина за подобро стартување. Исто така има подолга шеста брзина која обезбедува поголем комфорт при подолги патувања. Долгата шеста брзина исто така му овозможува на моторот да работи при помал број на вртежи што пак резултира со помала потрошувачка на гориво и помали вибрации на моторот.

z900rs 1

Звук

Од компанијата велат дека користеле голем број на звучни истражувања со цел да го произведат најдобриот звук кој излегува од издувот. Подесувањето на звукот беше фокусирано на тоа кога го стартувате мотоциклот и кога возите при помала брзина. А за да се осигураат дека го имаат најдобриот резултат, секој аспект на издувниот систем беше детално направен: должината на издувната цевка, каде да се постават свиоците па дури и густината на стаклената волна која е вметната во придушувачот на звук. Беа направени голем број тестирања на системот пред да се најде совршениот звук. Кај издувот кој е изработен од нерѓосувачки челик, главата цевка и пред коморите се изградени како единечна целина. Горниот дел на издувот има двојна конструкција која овозможува заштита.

z900rs 2

Рамот

За да се постигне посакуваната тежина, карактеристиките и изгледот, Z900RS доби целосно нова челична рамка која беше развиена со помош на напредната аналитичка технологија на Kawasaki. Линиите на рамката се прави и тие овозможуваат удобно возење. Исто така, со цел да се постигне посакуваната тежина и да биде полесен за управување, 948cc моторот преку пет точки е поврзан за рамката: напред и по страна кај главата на цилиндарот, зад цилиндарот како и на врвот и на дното на моторот.

Суспензија

Напред, мотоциклот има 41mm превртена вилушка која на себе има целосно прилагодлива амортизација. Ова им овозможува на возачите да ја прилагодат суспензијата според своите потреби. Назад, мотоциклот го има уникатниот „Horizontal Back-Link “ дизајн. Задната суспензија се карактеризира со целосно прилагодлива амортизација. Ова овозможува централизирање на елементите, а истовремено суспензијата е лоцирана далеку од издувот и од влијанието на неговата топлина.

z900rs 4

Сопирање

Сопирањето е овозможено со помош на целосни диск сопирачки кои се опремени со модерен ABS систем. Радијалниот, преден, главен цилиндер има 4 клипчиња кои се закачени на 300mm ротори. Задната сопирачка има единечен клип кој е закачен за 250mm диск. Целиот систем е навистина моќен и без никаков проблем го запира големиот мотоцикл.

Контрола на тракцијата

Z900RS е опремен со „Kawasaki TRaction Control (KTRC)“ која има два сетинга кои можат возачите да ги одберат. Првиот му дава приоритет на забрзувањето, а вториот му овозможува на возачот удобност и сигурност при возење на влажни услови.

Импресивно нели? Вистинско уживање беше да се види овој мотоцикл одблизу и навистина сум изненаден од тоа колку само труд вложиле од Kawasaki со цел да го направат овој мотоцикл достоен наследник на легендарниот Z1.

Z900RS би требало да биде достапен на почетокот на следната година и ќе го има во две бои: „ Metallic Flat Spark Black“ и „Candytone Brown“. Сеуште ги очекуваме цените од Динамикс, а ќе ве информираме за нив веднаш штом ги добиеме.

Би можело да ве интересира

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

За време на прес конференцијата која се оддржа на EICMA, Yamaha претстави две изданија на тркачки фокусирани мотоцикли. Тие се креирани со цел да се најдат на врвот во Супербајк и Суперспорт 300 категориите.

Седиме покрај патеката и гледаме како BMW GS го прави она што најдобро го знае. Но, има една огромна разлика: Мотоциклот се движи сам.

BMW вели дека имале три цели кога го дизајнирале новиот S1000RR: да биде една секунда побрз кога е на тркачка патека, да биде 10 килограми полесен и полесно да се контролира. Од првиот поглед на спецификациите, ни стана јасно дека успеале во тоа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.