После долги години Италијанската компанија ни претстави нов, нео-ретро скутер. Запознајте го V-Special, првиот скутер на компанијата во 21-от век.

Новиот Lambretta V-Specia е токму она што го барате доколку сакате скутери кои имаат ретро изглед, а сметате дека Vespa не е за вас.

Самиот дизјан на мотоциклот, кој е направен во соработка меѓу познатата KISKA и Италијанската Ламбрета заедница, претставува синтеза на класични елементи со модерно толкување. Оваа машина ги има имињата V50, V125 и V200.

this is lambrettas new 2018 v special scooter 119087 1

Како што сугерираат самите имиња, верзијата V50 е опремена со 49.5 cc,  4 – тактен мотор кој има воздушно ладење и кој има 3.5 коњски сили. Тој е во согласност со Euro 4 стандардот, има електричен стартер и може да достигне брзина од 45 km/h.

Верзијата од 125cc има 10 кс додека пак поголемиот модел од 200 cc има 12 кс. Сите модели користат CVT, а финалната трансмисија се одвива со помош на ланец.

this is lambrettas new 2018 v special scooter 11

Само моделот V50 има „rear drum“ сопирачка додека пак другите модели се опремени со диск сопирачки кои се управуваат со помош на комбиниран систем за сопирање и кои се полесни за управување. Меѓу другите додатоци се и LED светлата, полнач од 12 волти, голем простор за багаж под седиштето и LCD панел кој поддржува Bluetooth.

this is lambrettas new 2018 v special scooter 1

Една од карактеристиките на Ламбрета е двослојниот страничен панел кој има 1.2 милиметри челична структура инспирирана од воздухопловната индустрија. Постојат гласини и дека следната година компанијата на пазарот ќе претстави и електрична верзија на скутерите.

Се чини дека во компанијата е влезена голема инвестиција бидејќи нивните планови не завршуваат тука. Заедно со овие сутери, Ламбрета работи и на класиците GP 200 и SX 200 кои ќе ги има и во Euro 4 и во електрична верзија.

Back To Top