Мотоцикли

Патентот на BWM го откри изгледот на новиот S1000RR 2019

Денеска имавме можност добро да го погледнеме 2019 BMW S1000RR, кој после долго тестирање најверојатно ќе дебитира за време на EICMA шоуто во Милано. Сепак, постојат најави дека мотоциклот би можеле да го видиме и на INTERMOT кој се оддржува во Келн, Германија.

Следете нè на:

 

Опишан како „game changer“ во супербајк категоријата,  2019 BMW S1000RR уште еднаш ќе го промени сето она што го очекуваме во оваа категорија.

Сега откако се појавија неколку слики од дизајнот на мотоциклот, можеме да го видиме секој детал од моделот. Првата промена се однесува на моторот кој е комплетно нов и кој според нашите информации ќе има радилица која се врти обратно од стрелките на часовникот.

2019 BMW S1000RR superbike design patent 06

Според дизајнот на моторот можеме да очекуваме и поголема моќност, особено ако мотоциклот добие некои делови од моделот кој дебитираше минатата година, BMW HP4 race. Постојат и гласини дека ќе има и некои промени кај варијабилните вентилите но за тоа се уште немаме потврда.

А со новиот мотор доаѓа и нова рамка. Основната шасија се уште е составена од алуминиум но можеме да видиме дека има промени кај задната подрамка. Исто така има промени и кај задната вилушка која сега е многу слична како кај мотоциклите кои се дел од MotoGP и WorldSBK. Вакво нешто немаше во изминативе десетина години но изгледа дека сега работите се променети.

2019 BMW S1000RR superbike design patent 05

Вреди да се напомене дека новиот BMW S1000RR има интересно решение за тоа како да се намали емисијата на штетни гасови. Тие креираа издувен систем кој е составен од три дела.

Ова решение би требало не само да го намали звукот кој доаѓа од 999cc inline-four моторот туку исто така да ги намали и штетните гасови. Ова е од особена важност бидејќи BMW S1000RR 2019 ќе мора да биде во согласност со Euro5 стандардот до 2021 година.

2019 BMW S1000RR superbike design patent 03 1

Визуелно, BMW S1000RR е комплетно различен од она на што сме навикнати да ни доаѓа од  германската компанија. Повеќе го нема асиметричното предно светло кое беше дел од секој модел на BWM во изминативе десетина години. Наместо тоа сега имаме двојни предни светла, а помеѓу нив има простор преку кој воздухот пристигнува во воздушната кутија. Компактен и лесен, се чини дека 2019 BMW S1000RR е подготвен за тркачка патека. 

2019 BMW S1000RR superbike design patent 04

Би можело да ве интересира

Можеме да ја разбереме поентата на автомобилите кои сами се движат. Мислам дека сите би сакале да можат да го преспијат патот од работа до дома или пак да прочитаат некоја книга за тоа време. Но мотоциклите се малку поинакви.

Се појавија нови информации за авантуристичкиот модел V85 TT на Moto Guzzi, а според сликите што можеме да ги видиме на нивната интернет страна, се чини дека ова е конечната верзија.

Пред нас е 10-та рунда од Светскиот Супербајк шампионат која викендов се вози на патеката Портимао во Португалија.

Ова беше една страшна седмица за Романо Фенати. Во неделата, 9-ти Септември 2018 година, за време на Гран При трката во Сан Марино, при брзина од 200 километри на час тој ја притисна сопирачката на неговиот ривал, Стефано Манци.

После неколку години живот во сенка на далеку попознатата Sons of Anarchy, Mayans MC конечно го добива своето место под сонцето.

Ducati ја претстави последната верзија на Scrambler Icon кој сега има нов електронски пакет како и мали промени во дизајнот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!