Мотоцикли

Peugeot ја претстави лимитираната верзија на Speedfight 4 скутерот

Peugeot неодамна на пазарот во Велика Британија претстави две лимитирани верзии на Speedfight 4 скутерите а големи се шансите тие да се најдат во продажба и во други земји. Нивните имиња се Pure и Total Sport и имаат цена од 2,199 фунти, што е за 150 фунти помалку од LC верзијата.

Следете нè на:

 

Peugeot неодамна на пазарот во Велика Британија претстави две лимитирани верзии на Speedfight 4 скутерите а големи се шансите тие да се најдат во продажба и во други земји. Нивните имиња се Pure и Total Sport и имаат цена од 2,199 фунти, што е за 150 фунти помалку од LC верзијата.

New Peugeot Speedfight 4 Total Sport front angle 01 051

И двете верзии се базирани на актуелниот Speedfight модел но имаат и некои свои карактеристики пред се во однос на дизајнот и додатоците. Total Sport својата инспирација ја црпи од 2008 DKR Dakar рели автомобилот и има агресивен изглед, спојлери, држачи за нозете и LED индикатори.  Моделот Pure пак има “Ice White” боја заедно со розево – златни бандаши кои го прават одличен избор за женската популација.

peugeot shows limited edition speedfight 4 scooters 117719 1

И двата скутери се опремени со 50 cc, дво - тактен мотор кој има 4.8 коњски сили и 4.6 Nm. Меѓу другата стандардна опрема се и 13 инчните тркала, 215 mm Shuricane предниот диск, 32 mm USD вилушки, USB и 12V приклучоци како и држач за телефон.

Моделите се нудат во три основни бои, Fluo Apple, Flat 6 Red и Bleu France. Првата, четири тактна, е достапна само кај верзијата со воздушно ладење. Втората, дво тактна верзија, е достапна и кај оние со воздушно и со течно ладење. Новиот Dell'Orto карбуратор пак ги подобрува перформансите на машината за најмалку 10 проценти.

sf4 total sport 4

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!