Неколку недели откако беше објавено промотивното видео, Triumph ни ја претстави Street Triple линијата која ни доаѓа со поголема моќност, број на вртежи, технологија и перформанси.

Неколку недели откако беше објавено промотивното видео, Triumph ни ја претстави Street Triple линијата која ни доаѓа со поголема моќност, број на вртежи, технологија и перформанси.

Визуелно, новиот Street Triple ни доаѓа со поагресивен и поостар стил кој му дава перфектен Street fighter изглед. Секој дел од мотоциклот е нов, но сепак е задржан автентичниот изглед.

2017 triumph street triple range revealed comes in three flavors 9

Моторот е уште една важнa, нова компонента. Инспириран од тркачкиот Daytona мотор, новиот 765cc мотор ни доаѓа со зголемена моќност и број на вртежи благодарение на новите делови.

Менувачот исто така е променет и сега многу полесно може да се забрза. Уште една одлична работа е фактот дека моторот е прилагоден да има три различни излези што пак ни овозможува да имаме три различни Street Triple модели.

Стандардниот модел е наречен Street Triple S. Тој е полесен од претходните модели и ни доаѓа со Showa суспензија и комплетно нова „Gullwing“ задна вилушка. Тој има 113 коњски сили, AБS сопирачки и променлива контрола на тракцијата.

Следен во линијата е Street Triple R за кого велат дека перфектна комбинација на моќ и перформанси. Моторот има 118 коњски сили а меѓу додатоците што ги има се четири модели на возење, целосно прилагодлива Showa суспензија и Brembo M4.32 радијални, предни диск сопирачки.

Врвот на линијата е претставен од Street Triple RS кој е најдинамичниот и најмоќниот соголен мотоцикл кој го има Triumph досега направено. RS има 123 коњски сили, Brembo M50 клипови, целосно прилагодлива Showa вилушка, Ohlins заден амортизер и Pireli Diablo Supercorsa SP пневматици.

Вреди да се напомене дека новата инструментална табла се нуди во две верзии. Онаа која се наоѓа на моделот S ја покажува брзината на возење, бројот на вртежи, брзината во која возите, колку гориво имате и уште колку ви останува до крајната дестинација.

Кај моделите R и RS, компјутерот ви ја покажува просечната потрошувачка на гориво, уште колку гориво имате во резервоарот, моделите на возење, температурата на моторот.

Во моментов се уште не се знае која ќе биде цената на овие мотоцикли.

Back To Top