Минатото лето откривме дека Yamaha планира нов модел наречен „Болт“- но немавме идеја каков вид на мотор ќе биде. Излезе дека Болт всушност е крузер, наменет за Американскиот пазар.

55583

Минатото лето откривме дека Yamaha планира нов модел наречен „Болт“- но немавме идеја каков вид на мотор ќе биде. Излезе дека Болт всушност е крузер, наменет за Американскиот пазар.

Па, што е Болт? Направен е врз основа на XVS950A - Јапонска верзија на Harley - но Болт е прилично поинтересен. Секако, има сличности со Harley Davidson, но има нешто доста привлечно во стилот на Болт и неговата мешавина од бои.

Да не зборуваме за перформанси, не е за тоа наменет. Тој е за позирање. Нема лого на Yamaha (единствено пишува Болт на резерворот и има готска ѕвезда на прочистувачот на воздухот- во САД, крузерите на Yamaha се продаваат под брендот Star). За разлика од многу крузери на Yamaha кои го копираат обликот на Harley Davidson но не внимаваат на деталите, Болт има многу детали, почнувајчи од LED задни светла до хромирани дигитални инструменти.

Постои дури и „R-Spec“ верзија достапна за дополнителни 300$, со знакот Болт преместен на задниот дел од резервоарот и различен материјал на седиштето. Цената на Болт започнува од 7990$ за основниот модел до 8290$ за R-Spec верзијата. Продажбата ќе започне наредниот месец. Во моментов не постои најава дека моторот ќе пристигне во Европа, но благодарение на нашите заеднички успеси, моторот може да се увезе во Македонија.

Back To Top