motori saietta-eicma-1Саемот „EICMA“ во Милано изобилуваше со нови модели, концепти, но и претставување на сериски мотоцикли кои се непознати за пошироката јавност, како што е моделот „Saietta“.

saietta-eicma-1

Саемот „EICMA“ во Милано изобилуваше со нови модели, концепти, но и претставување на сериски мотоцикли кои се непознати за пошироката јавност, како што е моделот „Saietta“. Иако името му звучи италијански, а изгледот е повеќе од егзотичен, сепак овој модел е производ на Лондонската компанија „Agility Global“. Моторот за прв пат беше претставен на саемот за мотори „MCN“ во Лондон во февруари 2011-та, а беше присутен и на неколку саеми потоа, за да биде повторно изложен во Милано.

saietta-eicma-2

„Saietta“ е достапен во две варијанти, „Saietta S“ и „Saietta R“. Иако визуелно е тешко да ги разликувате, првиот е замислен како урбан електричен мотор, а вториот како електричен брзински мотор на иднината. Гледајќи ги перформансите оправдано е постоењето на два модела,  „Saietta S“ има батерии кои овозможуваат забрзување од 0-100км/ч за 5,6 секунди, и автономија од 94 изминати километри + резерва за 13км. Послабиот модел има оптимален капацитет на батеријата од 4,9kWh, односно максимален од 5,3. Тој тежи 135кг, а батериите развиваат моќност еднаква на 46кс.

saietta-eicma-3

Кај појакиот модел „Saietta R“ забрзувањето е подобрено и изнесува 4,1 секунда за да дојде стрелката на фамозните 100км/ч, а просечната автономија на возење изнесува 120км. Иако звучи нелогично, зголемената автономија се постигнува благодарение на технологијата која овозможува полнење на батериите секојпат кога ја намалувате брзината на моторот. Батериите на овој модел произведуваат моќност еднаква на 91кс, па дефинитивно нема да му забележите за недостатокот од звук.

Сепак време е да ја прекинеме научната фантастика. Цената на „Saietta S“ изнесува 16.000 евра, а на „Saietta R“ 21.000 евра.

Back To Top