Мотоцикли

Се појавија детали за BMW R1250GS

Знаеме дека за сезоната 2019 BMW Motorrad планира да објави девет модели. Иако сè уште не се знае точно кои ќе бидат тие, сепак за некои можеме да претпоставиме.

Следете нè на:

 

На листата можете да го додадете новиот GS модел откако се појавија неколку технички спецификации за R1250GS. Дел од медиумите шпекулираат дека во центарот на оваа машина ќе биде познатиот „boxer“ мотор. Од BikeSocial велат дека моторот сега ќе има 1,254cc односно 134 коњски сили.

R1250GS CG small

Се верува дека BMW R1250GS исто така ќе има и нови варијабилни вентили со што ќе се следи патот по кој се движат и останатите конкуренти, пред се Ducati и Suzuki. Предвидувањата се дека BMW R1250GS нема драстично да се разликува од неговите претходници. Се очекува да има потивок издув како и помала тежина.

Во однос на димензиите, се очекува тој да биде само малку повисок и подолг во споредба со актуелната верзија.

2019 BMW R1250GS се очекува своето деби да го има за време на INTERMOT шоуто во октомври. Покрај него се очекува да се појават и новите  R1250GS Adventure и R1250RT но засега не е познато дали тоа ќе се случи на INTERMOT или пак подоцна за време на EICMA која се оддржува во ноември.

Се додека не ги видиме новите модели, не можеме да кажеме дали BMW ќе продолжи со успешната продажба како што беше во изминативе осум години. Но со оглед на тоа дека R1200 мотоциклите се едни од најпродаваните на BMW, компанијата сигурно има големи очекувања.

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!