Мотоцикли

Специјална верзија на Sei Giorni Веспа се појави во Италија

Веспа само што претстави нова специјална верзија наречена Sei Giorni, или преведено, „Шест дена“. Оваа лимитирана верзија беше креирана со цел да се одадде почит на оригиналната „Six Days“ Веспа спорт која во 1951 година ја освои интернационалната „Six Days of Varese“ награда.

Следете нè на:

 

Веспа само што претстави нова специјална верзија наречена Sei Giorni, или преведено, „Шест дена“. Оваа лимитирана верзија беше креирана со цел да се одадде почит на оригиналната „Six Days“ Веспа спорт која во 1951 година ја освои интернационалната „Six Days of Varese“ награда.

Базирана врз основа на актуелната Веспа GTS, стилот на новиот модел е во согласност со класичниот стил на компанијата. Се карактеризира со светло сместено на предниот браник како и специјално дизајнирани рачки чијашто инспирација потекнува од оригиналната верзија.

special edition vespa sei giorni shows up in italy 6

Дисплејот со податоци исто така е инспириран од оригиналната верзија на скутерот и содржи аналоген брзинометар. Сепак, тој е опремен и со најнова технологија која на возачот му обезбедува голем број на информации.

Веспата „Sei Giorni“ исто така има единечно кожно седиште како и специјални „Vespa Racing Team“ обележја, односно затемнети тркала, издув, панели како и уште неколку други додатоци како што се LED светла и ABS сопирачки.

Но на веспата можат да се додадат уште голем број на додатоци како што се поголемо ветробранско стакло, предна и задна торба, направа за заштита од крадци како и Tom Tom Vio GPS уред.

Моделот е направен од нерѓосувачки челик и е одличен за движење низ град но исто така и за кратки релации надвор од градот. Опремен е со модерен 300cc Euro 4 мотор кој има течно ладење и кој може да произведе 21 коњски сили како и 22 Nm при 5000 rpm. Тој исто така има и електричен стартер CVT како и 8.5 литарски резервоар. Единствена непозната работа засега е неговата цена но претпоставуваме дека ќе изнесува неколку илјади евра повеќе отколку стандардниот модел.

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!