Јапонскиот производител планира да започне со производство на Сузуки V-Strom 1000. Моделот беше претставен на главното европско мото шоу „EICMA“ минатата есен под името DL 1000.

big Suzuki VStrom Concept 01

Јапонскиот производител планира да започне со производство на Сузуки V-Strom 1000. Моделот беше претставен на главното европско мото шоу „EICMA“ минатата есен под името DL 1000.

На прв поглед DL 1000 изгледаше тенко, компактно и имаше поприфатлива цена од своите конкуренти на пазарот. Тука беше и моторот, легендарниот 90° V-twin кој го има кај моќната TL и SV серија како и првиот DOHC 8- вентилски и со течно ладење V-Strom 1000. Можеме да очекуваме подобра електроника и повеќе коњски сили. Исто така ни се допаѓа и неговиот изглед.

DL изгледаше прилично ветувачки, а сега добивме и официјална потврда дека новиот Сузуки V-Strom 1000 - базиран на тој концепт – ќе се појави на следната EICMA изложба во Милано на крајот од годинава. Се надеваме дека нема да биде многу различен од мотоциклот кој го очекувавме. Другиот ендуро Јапонски моторцикл со зафатнина од 1000цц кој во моментов е на пазарот е Kawasaki Versys. Неговата цена изнесува помеѓу 12.000 и 13.000 евра. Очекуваме новиот V-Strom да биде малку поефтин од тоа.

Back To Top