Доколку сте нов возач и штедите пари за да купите мотоцикл, наскоро ќе имате две одлични опции. Suzuki неодамна претстави два нови модели.

Доколку сте нов возач и штедите пари за да купите мотоцикл, наскоро ќе имате две одлични опции. Suzuki неодамна претстави два нови модели.

На четиринаесетото кинеско интернационално мото шоу беа претставени два нови модели на Suzuki, Suzuki V-Strom 250 и GSX250R. Сите мислеа дека тие ќе се продаваат само во Азија но се чини дека тие ќе се најдат и на пазарот во Европа.

2017 suzuki v strom 250 and gsx250r unveiled in china coming to europe 4

Неколку магазини од Европа кои се повикуваат на извори од Suzuki, тврдат дека и двата модели ќе се продаваат во Европа и дека официјално ќе бидат претставени на EICMA саемот. 

Изградени на истата платформа, и двата мотоцикли имаат 248cc „parallel-twin“ мотор кој може да произведе 25 коњски сили. Растојанието меѓу оските како и висината на седиштето е исто и кај двата модела.

2017 suzuki v strom 250 and gsx250r unveiled in china coming to europe 5

Мотоциклите имаат традиционална предна вилушка, еден заден амортизер и челична задна вилушка. И двата модела имаат единечни диск сопирачки.

Разлика меѓу моделите има кај бојата, страничната под рамка и издувот.

Иако на првите, официјални, слики не може да се забележи ова, и двата мотоцикли ќе бидат достапни со ABS сопирачки доколку се продаваат во Европа. Исто така ќе мора да го исполнат и Euro 4 стандардот. 

Back To Top