Неговата цена е навистина голема. MotoGP мотоциклот на Honda, RC213V-S, чини 200.000 евра и во споредба со Tamburini T12 Massimo тој изгледа ефтино.

Новиот Tamburini T12 Massimo е најскапиот мотоцикл во светот. Всушност, тоа ќе биде точно само под услов доколку цената која дознавме дека чини овој мотоцикл, излезе дека е точна. Tamburini T12 Massimo чини околу 300.000 евра, далеку повеќе од останатите мотоцикли, а за мотоциклот мора да се плати пред тој да биде произведен.

masimo tamburini 1

Неговата цена е навистина голема. MotoGP мотоциклот на Honda, RC213V-S, чини 200.000 евра и во споредба со Tamburini T12 Massimo тој изгледа ефтино.

Ние не сме MotoGP возачи, но има нешто поради кое мислиме дека T12 ги има сите потребни делови за да биде подобар мотоцикл од оној на Honda. RC213V-S има 215 коњски сили, но тоа е поради тоа што мотоциклот има дополнителни работи на него. Инаку тој има само 159 коњски сили, што и не е така многу во споредба со мотоциклите кои веќе се возат на улиците.

За разлика од него, T12 Massimo веќе има 230 коњски сили. Покрај тоа, тој веќе личи на мотоцикл од премиерната класа благодарение на специјално произведената суспензија.

Tamburini T12 Massimo очигледно не е мотоцикл кој секој може да си го дозволи, но се надеваме дека доколку се зголеми производството, ќе се намали и неговата цена. Луѓето кои можат да си го дозволат овој модел не се толку ретки во светот на мотоциклите, а податокот дека тој е најекстремниот и најкомплексниот мотоцикл произведен од Massimo Tamburini, веќе ја прави оваа машина култна.

Back To Top