Мотоцикли

TVS Zeppelin - концепт на хибриден крузер

Индијците претставија концепт на хибриден крузер кој се надеваме дека ќе го видиме во продукциска фаза.

Следете нè на:

 

На нашите читатели сигурно им е познато името TVS како брендот кој стои зад линијата на мотоцикли со мала моќност на BMW. Индиската компанија исто така го пушти во продажба спортскиот мотоцикл со зафатнина од 300cc наречен TVS Apache RR 310. А еве уште една причина поради која вреди да се знае овој бренд, а тоа е дека ќе дебитира концептот на хибриден крузер кој не само што е интересен од технички аспект туку и изгледа навистина импресивно.

tvs zeppelin concept gas electric hybrid

Во западните земји, TVS Zeppelin можеби нема веднаш да привлече големо внимание, барем не со овие спецификации, но од компанијата имаат некои навистина интересни идеи за концептот. Тој има едно цилиндричен мотор со зафатнина од 220cc кој е засилен со електричен систем од 1200 вати кои ги добива од 48 волтна батерија.

tvs zepplin concept auto expo 2018 1 720x540

Можеби во однос на спецификациите тој не е премногу импресивен но интересно е што TVS работи на хибриден систем. Ова е особено важно со оглед на тоа дека мото индустријата не е премногу заинтересирана за оваа идеја кога станува збор за продукциските мотоцикли.

tvs zepplin concept auto expo 2018 6 720x540

Уште еден интересен додаток е „high-definition“ камерата која се наоѓа веднаш до светлото. Целокупниот дизајн на мотоциклот навистина делува привлечно, а неговиот стил е навистина модерен.

Како и со повеќето концепти, тешко е да се каже колку е сериозна TVS во однос на тоа да го направи Zeppelin продукциски мотоцикл.

Извор: zigwheels.com

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.