Речиси 11,369 од вкупно 628,000 посетители на ECIMA 2015 учествуваа во гласањето за најубав мотоцикл на саемот.

Кога дознав дека титулата отишла кај Ducati XDiavel, широка насмевка се појави на моето лице. Гласачите кои веруваа дека XDiavel беше најубавиот мотоцикл на овогодинешното шоу беа категорични.  60 проценти од нив (6,910 гласачи) изјавија дека новиот мотоцикл на Ducati е главната атракција на 73-от саем EICMA во Милано. Сепак, има простор за напредок. Се надевам дека се повеќе луѓе во иднина ќе учествуваат во ова гласање. Тоа ќе му даде и поголема тежина на целиот настан.

XDiavel беше прогласен за најубав мотоцикл не само на шоуто туку и на интернет страната Motoclismo, која пак беше дел од целиот процес на гласање. 

ducati diavel 2016 3

XDiavel е првиот чекор што го презема Ducati во светот на крузерите.

Некој велат дека XDiavel не е првиот крузер што го произвел Ducati. Веројатно стариот модел Indiana е првиот на кој ќе се сетите. Сепак, во никој случај не можеме да ги споредиме овие два мотоцикли. Всушност, XDiavel го преставува врвот на технолошките моќи и дизајн на Ducati. Во него се собрани најдобрите карактеристики од повеќе насоки.

Од една страна, очигледно е дека е дел од Diavel фамилијата, самите линии на мотоциклот го потврдуваат тоа.  Од друга страна, има многу технологија вметната во XDiavel што може да ви биде и одбивно.  Но сепак, како што ми кажа продукт менаџерот на XDiavel, Стефано Тарабуси, технологијата која е вметната во мотоциклот е таму само за да го направи возењето по пријатно. Кога имав прилика да го возам оригиналниот Diavel од еден пријател, на моменти имав проблеми да го контролирам. Очигледно, тоа не е веќе случај со новиот XDiavel. Неговите креатори се погрижија да го направат многу попријатен за возење и многу постабилен. Основната верзија ќе пристигне во Европа во февруари 2016 година, а се очекува да чини околу 21,000 евра. Моделот XDiavel S ќе чини приближно 25,000 евра.

Back To Top