Мотоцикли

Внимание, висок напон! Energica претстави електричен Streetfighter

Не, денеска не е 1-ви април. Ова е оригинален, нов електричен Streetfighter од Италијанскиот производител на електрични мотоцикли Enegrica и е наречен „Midnight Racer“. Мотоциклот потекнува од моделот „Eva“  и е направен во соработка помеѓу Energica и Apache Custom Motocycles.

Следете нè на:

 

Не, денеска не е 1-ви април. Ова е оригинален, нов електричен Streetfighter од Италијанскиот производител на електрични мотоцикли Enegrica и е наречен „Midnight Racer“. Мотоциклот потекнува од моделот „Eva“  и е направен во соработка помеѓу Energica и Apache Custom Motocycles.

Energica 03

Од Apache велат дека дел од изгледот е позајмен од Гран При возачите од седумдесетите години, а на рачно изработената шара биле потрошени повеќе од 280 часови. Зелената „British Racing“ боја е искористена за мотоциклот да добие поблагороден и елегантен изглед, а предните светла се позајмени од стар рели автомобил. Моделот има 100kW мотор од „Eva“ и може да забрза од 0 до 100км/ч за само 3 секунди. Доколку е целосно наполнет може да помине 200км.

Во однос на специфичниот изглед од Apache изјавија: „Тој е перфектна комбинација на минатото, сегашноста и иднината. Тој е трка во ноќта, зрак што го осветлува патот.“

 

comments

Би можело да ве интересира

Вицешампионот за сезоната 2017 во MotoGP шампионатот, Андреа Довициозо, вели дека мора да ги согледа позитивните работи како од трката која се возеше во неделата така и од неверојатно успешната сезона за него и за Ducati.

Иако е навистина невообичаен мотоцикл, сепак Moto Guzzi Stelvio има свои следбеници. Кога исчезна од линијата на Moto Guzzi, тој им недостасуваше на многумина.

Ако мислевте дека Honda CB1000R 2018 е добар мотоцикл, тогаш имаме интересна вест за вас. Honda Motor Europe на EICMA мото шоуто во Милано дебитираше со два мотоцикли: Honda CB125R и Honda CB300R.

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!