Мотоциклите со погон на двете тркала не се новост и сè повеќе компании ја развиваат оваа технологија. Германската компанија Wunderlich го создаде BMW R1200GS LC со погон на две тркала така што му додаде 7,6 киловатен мотор на предното тркало.

wunderlich bmw r1200gs lc 001 1

Мотоциклите со погон на двете тркала не се новост и сè повеќе компании ја развиваат оваа технологија. Германската компанија Wunderlich го создаде BMW R1200GS LC со погон на две тркала така што му додаде 7,6 киловатен мотор на предното тркало.

Wunderlich на оваа иновација работеше со италијанската компанија Еволт. Енергијата која се создава при сопирање се складира во мал акумулатор кој се наоѓа под задниот дел на моторциклот. Оваа енергија може да се користи при возењето напред како и при возењето наназад. Возачот може да го одбере правецот со притискање на едно копче.  Wunderlich сѐ уште не кажале како се контролира моќта кај предното тркало и дали таа е секогаш вклучена или не.

Овој моторцикл има тежина од 238 килограми и може да носи уште 211 килограми. Напојувањето на предното тркало, дури и само со 7,6 киловати, помага во безбедно пренесување на работите. Wunderlich ја престави својата креација на овогодинешниот саем „EICMA“ во Италија. Имаме чувство дека неколку сопственици на BMW со нетрпение чекаат да дознаат за можностите за производство.

Back To Top