Во Јапонија кога ќе се роди бебе традиција е да се завитка во кимоно проследено со молитва за здрав и безбеден живот. Во вторникот на саемот „EICMA“ во Милано, Јамаха ги приреди истите почести за нивното ново чедо, YZF-R1 2015.

Yamaha -R1-1

Во Јапонија кога ќе се роди бебе традиција е да се завитка во кимоно проследено со молитва за здрав и безбеден живот. Во вторникот на саемот „EICMA“ во Милано, Јамаха ги приреди истите почести за нивното ново чедо, YZF-R1 2015.

Инженерите на Јамаха вложија многу труд во новиот R1, како што беше и најавувано, во однос на претходникот задржано е само името, се останато е променето. Како што се забележува и од новиот изглед, моторот е направен со една цел на ум - тркачката патека.

Агрегатот со 4 линиски цилиндри развива 200кс, а тежи само 199кг. Ова е постигнато благодарение на скратеното меѓуоскино растојание, „опашката“ е изработена од магнезиум, исто како и фелните, па така новиот R1 има тежина од само 199кг со сите течности, или 179кг сува тежина. На хартија овие бројки изгледаат импресивно, но според зборовите на инженерите од Јапонија, вистинското чудо е во електрониката.

Електрониката која е вградена во новиот R1 е изведена од МотоГП технологијата, моторот е опремен со повеќенаменски сензори кои за прв пат на уличен мотор ги вршат мерењата во 6 оски. Со ова е овозможено вистинско 3D управување со шасијата и самиот агрегат. Накусо кажано, моторот од фабрика доаѓа со Traction Control, Slide Control, Front Lift Control, Quickshifter, Launch Control, ABS и Unified Brake System. Благодарение на целата оваа електроника, возењето како на улица така и на патеката за секој возач ќе биде уникатно.

Yamaha-R1-2

Новиот R1 носи олеснета алуминиумска Делтабокс шасија. Сите елементи се варени наеднаш правејќи ја структурата на целата шасија една целина, а моторот е затегнат за шасијата во четири точки. Како што спомнавме и погоре, главен адут за олеснувањето на целиот мотор е задниот дел од рамот кој е изработен од магнезиум. Иако тежината е главниот адут на новиот модел, сепак за целосната компактност придонесува и кусото меѓуоскино растојание кое сега изнесува  1,405мм, 10мм покусо од претходниот модел.

Предната и задната суспензија се целосно подесиви. Предните пушки (UpsideDown) со димензии од 43мм имаат простор од 120мм за од на тркалото, а задната вилушка содржи монокрос систем за суспензија кој е дизајниран да го оптимизира преносот на силата од моторот на задното тркало.

Системот за кочење е составен од ABS и системот на Јамаха наречен UBS (Unified Braking System). УБС системот за кочење функционира на тој начин што кога возачот притиска на предната кочница системот ја дозира и задната, а кога возачот притиска на двете кочници, тогаш UBS системот се грижи за еднаква распределба на силата на кочење на двете тркала. Дополнително на ова, системот при кочењето ги зема во обзир податоците од сензорите на моторот кој му ја кажуваа брзината на кочење, аголот на навалување и неколку други параметри според кои кочењето се дозира на соодветното тркало.

yamaha-eicma2014-020

При олеснувањето на моторот кај новиот модел е заменет и резервоарот, па така наместо челичен овојпат имаме 17 литарски алуминиумски резервоар. Фелните исто така се олеснети, магнизиумски со 10 краци кои штедат вкупно 900 грама на целата тежина.

На целата оваа опрема ќе ја додадеме и фантастичната нова инструмент табла, овојпат во боја на која можете да ја промените дури и позадината (црна или бела), а откако ќе се одлучите за тоа дали ќе возите во уличен мод или пак модот за на стаза, инструмент таблата ќе ви покажува различни информации кои варираат од брзината во која возите до мерач на кругови.

Јамаха дефинитивно ги изненади сите на саемот со новиот модел, цената сеуште не е позната за нашиот пазар, а се надеваме дека ќе имаме прилика да го провозиме и да ви ги пренесеме искуствата од новиот ѕвер на Јамаха. До тогаш уживајте во галеријата која ја направивме за вас на саемот „EICMA“ во Милано.

Back To Top