Мотоцикли

Yamaha го претстави Palhegyi – рачно изработен SCR950 „scrambler“

Последниот мотоцикл кој ни доаѓа од „Faster Sons“ е Yamaha SCR950, мотоцикл кој е изработен од страна на Џеф Палхеги, изработувач на мотоцикли кој во изминативе 20 години има изработено повеќе од 70 мотоцикли.

Следете нè на:

 

Последниот мотоцикл кој ни доаѓа од „Faster Sons“ е Yamaha SCR950, мотоцикл кој е изработен од страна на Џеф Палхеги, изработувач на мотоцикли кој во изминативе 20 години има изработено повеќе од 70 мотоцикли.

За најновиот модел, Палхеги инсипрација добил од моделот од 1966 година, YDS3C Big Bear, кој сега доби модерен изглед и современа технологија.

yamaha unveils palhegyi custom scr950 scrambler 113297 1

„Откако го видов SCR950 за прв пат, си реков дека тоа би бил навистина интересен проект,“ изјави Џеф. „Но во последно време има многу „scrambler“ мотоцикли и сакавме да направиме нешто поинакво.“

Мотоциклот има модификувана, странична, подрамка која го држи рачно изработеното седиште. Задната вилушка е малку скратена и има 14 инчни амортизери, разчно изработен издувен вентил и странични панели.

yamaha unveils palhegyi custom scr950 scrambler 2

Исто така има и „Renthal“ рачки кои се обвиткани со кожа, „Shinko Adventure Trail“ пневматици и алуминиумски бандаши.

„SCR950 е мотоцикл кој на својот сопственик му овозможува повеќе можности. Тој е мотоцикл со кој лесно можете да патувате од дома до работа или до училиште. Но во исто време, тој е и многу забавен. Можете да заминете надвор од градот и да возите оф роуд,“ вели Дерек Брукс, истражувач на Yamaha мотоциклите.

yamaha unveils palhegyi custom scr950 scrambler 1

comments

Би можело да ве интересира

Марк Маркез и Дани Педроса тајно тестираа нова карбонска задна вилушка на нивната RC213V машина на пред сезонските тестови.

Suzuki поднесе неколку патенти за полу автоматска трансмисија која би можела да се најде во следната генерација на Hayabusa моделите.

„Во однос на безбедноста, Cornering ABS на предното тркало го прави она што контролата на тракцијата го прави на задното тркало.“

Џејмс од MCN помина 7000 километри на Metzeler Roadtec 01 пневматиците и еве што имаше да каже за нив.

Бројот на медиуми посветени на мотоциклите постојано се менува, а таквите промени влијаеа врз една доста популарна интернет страница: Motocycle.com.

Индијците претставија концепт на хибриден крузер кој се надеваме дека ќе го видиме во продукциска фаза.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!