MT-10 е новата ѕвезда на Yamaha. Мотоциклот има потекло од моќниот YZF-R1 и нуди комплетно поинаква забава. Бидејќи MT фамилијата многу брзо станува една од омилените избори, „AD Koncept“ понуди мов модел, MT-10.

MT-10 е новата ѕвезда на Yamaha. Мотоциклот има потекло од моќниот YZF-R1 и нуди комплетно поинаква забава. Бидејќи MT фамилијата многу брзо станува една од омилените избори, „AD Koncept“ понуди мов модел, MT-10.

На „AD Koncept“ не му е непознато редефинирањето на облиците кои веќе изгледаат добро. Некои од најновите креации се навистина импресивни. Една од најинтересните е верзијата која гордо ја покажува шарата на Валентино Роси.

За разлика од некои други концепти, овој модел има само естетски модификации. VR46 машината е наречена „Докторот“. На неа го има бројот на Роси, 46, како и неговите традиционални бои.

yamaha mt 10 in valentino rossi livery and more from ad koncept 5

Страничните панели, резервоарот и задниот дел се обоени во интересни бои, а ни се допаѓа и фактот дека целата оваа идеја е изводлива. „AD Koncept“ би можел да изработи шара која потрошувачите потоа би можеле да ја нанесат на својот мотоцикл. Секако, за да го направат тоа ќе треба да добијат  дозвола од Movistar Yamaha и Роси, но мислиме дека нема да има проблем околу тоа.

Модерен борец кој ќе стане ретро?

Ретко се гледа трансформирање во ретро стил на еден од најновите спортски мотоцикли, но во „AD Koncept“ не се плашат да експериментираат.  Една од нивните најинтересни креации е MT-10 кој има комплетно различна шара од останатите мотоцикли од овој модел.

Неверојатно е колку Yamaha MT-10 може да се промени доколку му се додадат ретро, заоблени предни светла и нов заден дел. И предниот дел е променет и тој сега повеќе личи на „cafe-racer“ . Издувот е исто така променет и на мотоциклот сега му дава покласичен изглед.

Yamaha дефинитивно треба да му обрне поголемо внимание на MT-10 бидејќи се чини дека мотоциклот има голем потенцијал. Речиси сме сигурни дека постојат луѓе кои се подготвени да го купат овој модел и кои размислуваат што дополнително можат да му променат.

yamaha mt 10 in valentino rossi livery and more from ad koncept 10

Back To Top