Yamaha наскоро ќе го претстави новиот модел на спортски мотор со зафатнина од 250цц, кој треба да биде директен одговор на конкуренцијата, пред се на Kawasaki и Honda. Според концептната слика моделот наликува на Yamaha R6..
Yamaha наскоро ќе го претстави новиот модел на спортски мотор со зафатнина од 250цц, кој треба да биде директен одговор на конкуренцијата, пред се на Kawasaki и Honda. Според концептната слика моделот наликува на Yamaha R6, а според нашите информации ќе го носи името „Yamaha YZF-R250“. Иако сеуште не е сигурно дали ќе биде модел кој ќе се продава во 2013 или 2014 година, сигурно е дека ќе имаме можност да го видиме на претстојниот саем „EICMA“ во Милано, а потоа и кај застапникот на Јамаха за Македонија - Мото Азуро.
Цената сеуште не е позната, но се очекува да биде под 5000 евра имајќи ги во предвид цените на конкурентните мотори Honda CBR250 и Kawasaki Ninja 300. Иако кај нас во мото заедницата сеуште важи мислењето дека брзинец со помалку од 600цц не е брзинец, на запад се повеќе се купуваат мотоцикли со помала зафатнина. Перформансите кои ги нудат се одлични, безбедноста е на високот ниво, а на изгледот неможе да му се најде мана, но нели не брчи доволно за да ги разбудите комшиите, па не е мотор. Додека не ни се смени менталитетот моторите како Yamaha YZF-R250 за жал ќе останат само мотори за почетници.