Ретро изглед и модерна технологија. Тоа е во основа Yamaha XSR900.

Новиот мотоцикл на Yamaha ја има фантастичната FZ-09 платформа на која и е даден ретро изглед. Овој мотоцикл има за цел да ги врати сеќавањата на XS линијата од шеесетите и седумдесетите години. Овој модел на Yamaha набрзо ќе се појави на пазарот во Европа.

Yamaha XSR900

Променетата каросерија како и округлите предни и задни светла, значително го променија изгледот на мотоциклот, а моќниот CP3” 847cc се претпоставува дека има 115кс. Контролата на тракцијата и ABS сопирачките исто така се подобрени во однос на моделот FZ-09.

Yamaha XSR900 1

Рамката има алуминиумски дизајн кој е компактно обвиткан околу моторот, а растојанието меѓу оските изнесува 144cm. Овој мотоцикл е за големи луѓе. Седиштата се наоѓаат на 83цм од земјата, а неговата тежина изнесува 195 килограми. Предната суспензија е поставена под агол од 25 степени, а задната суспензија е направена од алуминиум и е поврзана со моношок.

Увозникот на Јамаха за Македонија, Мото Азуро, ги објави цените за новите модели, па така Yamaha XSR900 може да се купи за цена од 10.360 евра во сива боја, додека пак жолтата варијанта („60-th Anniversary“) ќе се продава за 10.700 евра.

RSD Wasp Yamaha MT 09FZ 09 2

Yamaha тврди дека мотоциклот е направен со помош на податоци од пазарите во Европа и САД, а силни влијание има и моменталниот изглед на овој вид на мотоцикли. Очигледно е дека овој мотоцикл е поврзан со дизајнот Roland Sands, кој пак потсетува на духот на фантастичниот TZ750.

RSD Wasp Yamaha MT 09FZ 09

Back To Top