Новиот R1 кој со нетрпение се очекуваше на саемот „EICMA“ во Милано беше ново поглавје во светот на Суперспорт моторите.

phoca thumb l yamaha eicma2014 020

Новиот R1 кој со нетрпение се очекуваше на саемот „EICMA“ во Милано беше ново поглавје во светот на Суперспорт моторите.

Сега во 2015 Јамаха започнува со кампања со која треба да ја одбележи сезоната како година на „кецот“. Минатата недела во Милано Италија тимот на Јамаха ги претстави своите тркачки пулени со кои ќе се натпреварува на регионалните и на светските трки.

Следната недела во Австралија новинарите ќе имаат прилика одблиску да се запознаат со новиот R1 во неговата природна средина, на тркачката патека. Во оваа насока, Јамаха објави две куси видеа со кои само ја подгрева атмосферата.

Во првото видео се враќаме на самиот почеток, од дизајнот на моторот до неговото создавање, додека пак во второто видео се возиме на патеката „Sugo“ со новиот R1.

Back To Top