Мотоцикли

Здраво, дали си ти новата Honda CBR250RR?

Сликата која што можете да ја видите погоре, се чини дека е првата слика од новиот четврт литарски спортски мотоцикл на Honda, за кој многумина изјавија дека е CBR250RR.

Следете нè на:

 

Сликата која што можете да ја видите подолу, се чини дека е првата слика од новиот четврт литарски спортски мотоцикл на Honda, за кој многумина изјавија дека е CBR250RR. Овој мотоцикл дебитираше како концепт „Light Weight Super Sports“, а нашите извори велат дека тој е подготвен за производство. Многумина очекуваат овој двоцилиндричен мотоцикл да претставува одговор на мотоциклите на Kawasaki, Yamaha и KTM.

honda cbr250rr leak

Можеме да очекуваме овој модел да има повеќе од 35 коњски сили и да има 14000 вртежи во минута. Стилот на концептот „Light Weight Super Sports“ е многу агресивен и ако е вистинска сликата, финалниот производ нема да изгуби многу од оригиналниот концепт.

Веројатно ќе почекаме уште неколку месеци пред тој и официјално да биде претставен. Тоа ќе и даде можност на Honda да објави и поубави фотографии покрај оваа што  можеме да ја видиме. Не очекуваме овој модел да биде исто толку моќен како и другите RR мотоцикли, но би требало да биде добра опција за луѓето кои бараат нешто по спортско од едноцилиндричниот Honda CBR250R.

Ако има некој мотоцикл кој со нетрпение очекуваме да го видиме, тоа е сигурно овој. Да се надеваме дека Honda нема да не разочара.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.