MotoGP

Ако Дукати не го одврзе ќесето, Довициозо се сели во Хонда или Сузуки

Според „AutoSport“, возачот на Дукати, Андреа Довициозо е во преговори со тимовите на Хонда и Сузуки.

Следете нè на:

 

Довициозо покажа фантастично возење минатата сезона кога беше во борба за титулата, на сметка на „ѕвездата“ во тимот Хорхе Лоренцо кој воопшто не се снајде со моторот и возеше под очекувањата.

IMGP7165

30-годишниот Италијанец минатата сезона првпат по една деценија ги предводеше Дукати во борба за титулата, со шест победи и со второ место зад Марк Маркез во Хонда, а минатиот викенд со победа во Катар ја започна новата сезона.

Довициозо премина во Дукати од Јамаха Теч3 тимот во 2013 година, се шпекулира дека има договор вреден околу 2 милиони евра, додека неговиот колега Хорхе Лоренцо го чини Дукати 12 милиони евра годишно. Италијанецот, чиј договор исто како тој на Лоренцо завршува на крајот на годината, сака добра понуда од својот тим и нема да се задоволи со статусот на подреден возач во моменти кога тој е водечката сила на тимот.

„Дови сака да почувствува дека го ценат. Тој нема да прифати изговори како сумата која треба да се одвои за неговиот колега“, вели извор близок на Италијанецот.

Во тимот на Јамаха нема место, откако тие ги продолжија договорите со Валентино Роси и Маверик Вињалес, но во Хонда ако местото на шампионот Марк Маркез е сигурно, тоа на Дани Педроза дефинитивно е разнишано. Довициозо ја почна кариерата со Хонда, возејќи во сателитскиот ЈиР тим во 2008 година.

Тука се и Сузуки, кои имаа тешка 2017, но по првичните тестови и трката во Катар, тие имаат ветувачки старт на сезоната, а и нема возачи со потпишан договор по крајот на сезоната.

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.