thumb_hopkinsПовредата со која се здоби на тренингот пред МотоГП трката во Брно минатата година го чинеше Џон Хопкинс прст на десната рака.

hopkins

Повредата со која се здоби на тренингот пред МотоГП трката во Брно минатата година го чинеше Џон Хопкинс прст на десната рака. Супербајк возачот доби вајлд карта со која настапи за тимот на Сузуки, на тренингот тој доживеа пад во кој го повреди прстот на десната рака, а од тогаш до сега му беа извршени шест операции кои за жал беа неуспешни. После долг период на рехабилитација, а по консултација со докторите било заклучено дека ќе биде најдобро да се ампутира прстот.

„По 6 операции и илјадници долари потрошени на рехабилитација штета е што мораше да дојде до ова. Добрата вест е што сега се осеќам подобро отколку во претходните месеци, па ќе бидам подготвен за првата рунда на Филип Ајленд! Не ја загубив мотивацијата!“ - напиша тој на својот твитер профил.

Супербајк шампионатот започнува на 26 февруари со првата трка која се вози на патеката Филип Ајленд во Австралија.

Back To Top