„Мојата самодоверба во моментов е на многу високо ниво и чувството на мотоциклот е неверојатно. Имам многу добар однос со тимот, работиме напорно но на еден релаксиран начин и тоа многу влијае на конечниот резултат“ - Андреа Довициозо

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, вели дека е неверојатно чувството да се биде лидер во MotoGP. Во пресрет на последната трка пред летната пауза која се вози во Захсенринг, Италијанскиот возач има предност од осум поени пред Маверик Вињалес. Довициозо, кој постина победи на трките во Муџело и Каталуња, вели: „Среќен сум бидејќи работевме напорно во изминативе осум трки за да стигнеме до оваа позиција. Навистина сум задоволен. Работевме навистина напорно во изминативе пет години. Одлично е кога се наоѓаш во оваа позиција но мораме да продолжиме да работиме напорно.“

IMGP8609

„На последните три трки работевме на вистинскиот начин, а тоа особено важи за Асен. Беше тешко бидејќи никој немаше можност да работи во пресрет на трката но употребивме поинаков сет-ап во споредба со тренинг сесијата и тој функционираше беспрекорно.“

„На почетокот на оваа трка не се чувствував најдобро. Но по падот на Маверик успеав да притиснам и да постигнам добро време. Тоа за мене е поважно од конечниот резултат,“ изјави Довициозо.

„Но тоа и не беше толку добро бидејќи на неколку круга до крајот временските услови се влошија. Многу лесно можеше да дојде до грешка. Решив да не ризикувам и на крајот завршив на петото место.“

Германската патека оваа година доби нова подлога и Довициозо признава дека постои одреден ризик во пресрет на трката која треба да се оддржи овој викенд. Како надополнување на ова се очекуваат и нови врнежи од дожд за време на трката.

„Асфалтот е поинаков и се може да се случи. Но мојата самодоверба во моментов е на многу високо ниво и чувството на мотоциклот е неверојатно. Имам многу добар однос со тимот, работиме напорно но на еден релаксиран начин и тоа многу влијае на конечниот резултат.“

„Таквите временски услови не се ништо ново. Веќе имаме такво искуство на оваа патека но асфалтот ќе направи голема разлика. Утре ќе мораме да ја испробаме патеката на суви услови, тоа ќе биде од голема важност за пневматиците. Имаме голем број на гуми кои треба да ги тестираме бидејќи Michelin не беше во можност да тестира тука. Се чини дека утре и во недела условите на патеката ќе бидат влажни и затоа се може да се случи.“

Back To Top