MotoGP

Фенати се повлече од мото трките

Ова беше една страшна седмица за Романо Фенати. Во неделата, 9-ти Септември 2018 година, за време на Гран При трката во Сан Марино, при брзина од 200 километри на час тој ја притисна сопирачката на неговиот ривал, Стефано Манци.

Следете нè на:

 

Веднаш доби забрана за настап на две трки. Веќе следниот ден, 10-ти Септември, тој доби отказ од неговиот тим како и од тимот за кој требаше да настапува следната сезона. Интересно, следната година тој требаше да му биде тимски колега токму на Манци. Веќе денеска, Фенати соопшти дека засекогаш ги напушта трките.

„Завршив со мотоциклизмот. Повеќе нема да се натпреварувам,“ изјави Фенати за Италијанските медиуми. „Знам дека погрешив и сакам на сите да им се извинам.“

Извинувањето беше во ред, но тој повторно за целиот настан го обвини Манци. Според Фенати, Манци е самиот виновен за целиот инцидент бидејќи за време на трката тој дури три пати се обидел да го удри.

„Сакате да ми ја видите кацигата и облеката? Ќе видите дека има црна, долга линија која е од мотоциклот на Манци,“ вели Фенати. „Тој ме нападна три пати и како што велите, тој можеше да ме убие. Последниот пат тоа го направи на само 500 метри пред да се случи инцидентот. Тогаш решив да му вратам, да му покажам дека и јас можам да бидам лош. Но никогаш не помислив да го повредам.“

Во ред, шампионе, сигурни сме во тоа. Италијанските медиуми наведуваат и дека Фенати веќе размислувал да се повлече од спортот поради големите критики, а исто така имал и имал клаузула во договорот со тимот дека може кога сака да се повлече.

Веднаш по инцидентот, речиси сите медиуми се нафрлија против Фенати. Сите баравме доживотна забрана за Фенати. Ова го кажа MotoGP возачот, Кал Кратчлоу за целиот инцидент.

„Тој никогаш повеќе не треба да биде дел од трките. Требаше веднаш да се врати во тимот, а потоа неговата екипа едноставно да го исфрли надвор. Не можете да му го направите тоа на некој друг возач. Мислам дека доволно ги ризикуваме нашите животи.“

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.