MotoGP

Honda: Не очекува голем предизвик со Маркез и Лоренцо

Ќе биде голем предизвик да најдеме добар баланс во односот меѓу идните тимски колеги Марк Маркез и Хорхе Лоренцо, призна директорот на тимот Алберто Пуиг

Следете нè на:

 

Следната сезона, Хорхе Лоренцо ќе го напушти тимот на Ducati и ќе премине во Repsol Honda. Со ваквиот потег, Јапонскиот производител за прв пат по 1989 година во својот тим ќе има двајца шампиони. Објаснувајќи ја рационалноста позади ваквата одлука, Пуиг вели дека филозофијата на Honda е да потпише со најдобрите возачи, дури и тоа да им создаде дополнителни проблеми при обидот да се надминат проблемите кои би можеле да настанат помеѓу нив.

Jorge Lorenzo Ducati Team Marc Marquez Repsol Honda Team 770x433

„Тимот сака да ги има најдобрите возачи“, изјави Пуиг на прес конференцијата во пресрет на трката во Захсенринг.

„Постоеше можност да потпишеме договор со Лоренцо и одлучивме да го прифатиме ризикот. Не знам како другите тимови се справуваат со ваквите ситуации. Можеби кај нив и нема нешто вакво.“

„За Honda е важно да обезбедиме што е можно подобар мотоцикл и тој да им го дадеме на нашите возачи за тие да бидат побрзи. Секако дека тоа не е лесно. Но доколку сакавме лесни работи, тогаш немаше да бидеме дел од шампионатот. Во Honda секогаш сакаме кога се соочуваме со некои предизвик.“

Honda исто така ќе се соочи и со друг предизвик, а тоа е да го прилагоди мотоциклот на стиловите на двајцата возачи, кои пак се сосема различни. Тимскиот менаџер Тецухиро Кувата ги отфрли наводите дека актуелната верзија на RC213V е креирана исклучиво да ги задоволи потребите на Маркез.

„Во моментов го развиваме мотоциклот за Маркез но исто така и за Дани. Тој не е само за еден возач. Така ќе продолжиме и во иднина“ , вели Кувата.

„Не знаеме каква машина сака Хорхе. Но секако дека ќе се обидеме да се прилагодиме на неговите потреби. Исто така и Марк има многу барања од нас и секако дека се обидуваме да ги исполниме.“

„Ќе биде голем предизвик но ќе продолжиме да работиме на ист начин. Ако можеме да направиме добра машина за Марк и за Дани тоа значи дека нашиот технички потенцијал е добар. Следната година ќе се обидеме да направиме добра машина за Марк и за Хорхе.“

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!