MotoGP

Кал Кратчлоу: Honda сѐ уште е најтешкиот мотоцикл за возење

Возачот на LCR, Кал Кратчлоу, вели дека Honda MotoGP мотоциклот и понатаму е најтешкиот мотоцикл за возење и покрај подобрувањата кои ги направи Јапонскиот производител.

Следете нè на:

 

Honda имаше добри подготовки – нејзините возачи имаа одлличен настап за време на предсезонските тестови, а второто место кое го го освои нивниот возач Марк Маркез на трката во Катар беше оценето како дополнителен напредок.

Cal Crutchlow Team LCR Honda 103 770x439

Но Кратчлоу, кој заврши на четвртата позиција на трката во Лосаил е убеден дека моделот на Honda е еден од најтешките мотоцикли за возење.

На прашањето дали Honda е во подобра форма од нејзините ривали, тој изјави: „Не. Honda ги има најдобрите возачи.“

„Погледнете ги само како возат Марк и Дани. И јас научив како да го возам мотоциклот на многу подобар начин. Но сепак Honda е најтешкиот мотоцикл за возење. Доколку гледате внимателно, тоа можете да го забележите и за време на телевизискиот пренос.“

„Мислам дека сме во многу подобра форма во споредба со претходните неколку години. Но исто така мислам и дека самите возачи вложуваат многу.“

Кратчлоу смета дека добриот настап кој го имаше на трката во Катар се должи на напредокот кој го има мотоциклот на Honda но исто така и напредокот кој го има самиот тој.

20182F042FCal Crutchlow Team LCR Honda 101

„Патеката во Катар не ми одговара толку добро, а иста е ситуацијата и со мотоциклот на Honda. Но има подобрувања кај тимот, а исто така и кај мене. Крајниот резултат е комбинација на овие две работи. Мислам дека и до сега тука бевме компетитивни. Марк веќе има победено таму, а исто така се има искачено и на подиумот неколку пати. Затоа резултатот кој го постигна можеше и да се очекува. “

„Мислам дека и ние бевме добри со оглед на тоа дека се најдовме во првата група возачи и можевме да се бориме за врвот. Јас и мојот тим завршивме одлична работа.“

На трката во Катар можевме да видиме одличен настап од неколку сателитски тимови. Возачот на Tech 3 Yamaha, Јохан Зарко, стартуваше од пол позицијата и заедно со Кратчлу и возачот на Pramac Ducati,  Данило Петручи, долго време се бореа за место на подиумот.

„Многу помагаат ресурсите кои ги имате како фабрички тим. Средствата кои можете да ги потрошите, екипата која работи за вас. Ресурсите кои тие ги имаат се неограничени. Искрено кажано, на крајот на сезоната, финансиите ја прават разликата во бодовите. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите до крајот на сезоната. Доколку продолжиме да настапуваме со истата форма, се може да се случи. “

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.