Возачот на LRC Honda, Кал Кратчлоу доживеа тешка повреда на зглобот откако падна на вториот слободен тест кој се оддржува во пресрет на Гран При трката на Австралија.

Британецот излета надвор од патеката во свиокот број еден и со хелихоптер веднаш беше пренесен во болницата во Мелбурн каде што вечерва ќе му биде извршена и операција.

cc povreda

Директорот на болницата, Мајкл Заса ја објасни повредата која ја доби Кратчлоу.

„Ова е комплексна фрактура на десниот зглоб. Има три линии кои ги покажуваат пукнатините. Ќе треба да се изврши операција бидејќи има некои делови од коската кои се изместени.Напукнати се малите коски на зглобот но исто така има и пукнатина на коската на неговата нога. “

„Тој не ја загуби свеста и беше буден цело време. Затоа му дадовме лекови против болка. Освен зглобот, се чини дека нема други повреди. Секако дека дополнително ќе ги прегледаме и останатите делови за да се осигураме дека се е во ред.“

Иако нема официјална потврда, се шпекулира дека Крачлоу нема да настапи до крајот на шампионатот.

Back To Top