Red Bull KTM MotoGP го продолжи договорот со нивниот возач Пол Еспаргаро за дополнителни две години.

Со новиот договор, Шпанецот ќе остане дел од нивната екипа најмалку до 2020 година. Еспаргаро вели дека одлуката дали да го продолжи договор била многу едноставна.

722017

„Навистина ми беше лесно да ја донесам оваа одлука. Ниту за момент не помислив на нешто друго. Не можам да сокријам колку сум среќен што сум дел од овој неверојатен проект и покрај сите предизвици со кои се соочивме и кои не чекаат во иднина. Ми се допаѓа нивната филозофија и сакам да продолжам да се обидувам да ги достигнам нашите цели. Не знам кога, но сигурен сум дека еден ден ќе се случи тоа.“

„Морам да му се заблагодарам на целиот тим за поддршката која ми ја дава. Ние сме тим кој има амбициозна цел. Уживам во моите најдобри моменти во MotoGP шампионатот и среќен сум што ќе бидам дел од овој тим најмалку до 2020 година.“

Негов тимски колега следната сезона ќе биде Јохан Зарко, па иднината на Бредли Смит е неизвесна. Британскиот возач до овој момент се уште не дал никаков коментар во однос на неговата иднина, дали ќе продолжи во МотоГП и со кој тим.

Back To Top