MotoGP

КТМ потврди дека Смит и Еспаргаро ќе бидат дел од MotoGP тимот за сезоната 2018

Во интервју за магазинот „Speedweek“, шефот на КТМ, Пит Бајер, изјави дека Смит не заслужил да биде сменет од тимот и дека поради притисокот од медиумите неговите перформанси биле послаби.

Следете нè на:

 

После неколку месеци шпекулации во однос на тоа кои возачи ќе бидат дел од тимот на КТМ следната сезона, Австриската компанија денеска издаде и официјално соопштение. Во фабричкиот тим на КТМ и во иднина ќе бидат Пол Еспаргаро и Бредли Смит, а Мика Калио и понатаму ќе биде тест возач.

bradley smith ktm racing aragon gp

Ваквата информација сигурно ќе ја врати стабилноста во тимот и ќе заврши неизвесноста со која се соочуваше Бредли Смит. Во текот на првиот дел од сезоната Англичанецот имаше проблеми со конзистентноста за разлика од неговиот тимски колега Еспаргаро кој од трка во трка беше се подобар. Местото на Смит во тимот дополнително се разниша откако тест возачот Калио забележа подобар пласман од него на трката која се возеше во Австрија.

Поради ваквиот развој на настаните постоеше можност двајцата возачи да ги заменат местата, а и самиот Калио изјави дека негова цел во иднина е да биде прв возач на тимот.

Според Смит, тој премногу се фокусирал на развојот на мотоциклот и не бил доволно посветен на самото тркање. Гласините за промена на возачите дополнително се засилија по уште еден добар настап на Калио во Арагон. На таа трка, Смит заврши со резултат од 19 секунди побавен од времето кое го постигна Финскиот возач.

А кога тимот соопшти дека Калио ќе настапи и на трката во Валенсија, многумина помислија дека одлуката е веќе донесена. Но се чини дека на крај нема да испадне така. По состаноците во Австрија, КТМ донесе конечна одлука и ги отстрани сите сомнежи.

Во интервју за магазинот „Speedweek“, шефот на КТМ, Пит Бајер, изјави дека Смит не заслужил да биде сменет од тимот и дека поради притисокот од медиумите неговите перформанси биле послаби.

comments

Би можело да ве интересира

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!