Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами.
Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами.
25 годишниот Јапонски возач од Мото2 шампионатот следната сезона ќе вози RC213V и биде тимски колега на Кал Крачлоу во тимот на LCR Honda. Накагами веќе има забележано победа и 12 подиуми во Мото2 шампионатот.
Од тимот изјавија дека се среќни што се прошируваат, и дека за таа цел тимот ќе биде надополнет со механичари со големо искуство. Овој проект ќе биде надополнување на проектот на Кал Крачлоу и ќе ги исполни спортските амбиции на тимот. Според директорот на тимот, LCR Honda целосно ќе застане зад почетникот Такагами бидејќи сметаат дека тој е вистинскиот чекор за развојот на тимот.
„Откако возев мини моторче кога имав 4 години замислував дека ќе стигнам до врвот. Сонот станува јаве благодарение на моите поддржувачи и моите фанови. Преостануваат уште 7 трки од сезоната, вклучувајќи ја и мојата домашна трка за Јапонското ГП па ќе се фокусирам на најдобар можен начин да го завршам шампионатот и да се подготвам за она што ме очекува следната година. Се надевам дека ќе ја имам истата поддршка од фановите како и до сега“ - изјави Такагами на промоцијата на новиот договор.