Во интервјуто за Шпанскиот веб сајт AS, актуелниот светски шампион го кажа своето мислење на неколку теми, неговата Yamaha M1, обновениот однос со Валентино Роси, одличниот старт на Марк Маркез и за неговиот најголем ривал Дани Педроса.

1360543423 842669 1360543488 noticia grande

Во интервјуто за Шпанскиот веб сајт AS, актуелниот светски шампион го кажа своето мислење на неколку теми, неговата Yamaha M1, обновениот однос со Валентино Роси, одличниот старт на Марк Маркез и за неговиот најголем ривал Дани Педроса.

Еве неколку извадоци од интервјуто каде најпрво беше запрашан за Педроса:

Во текот на последниот ден од тестирањето Педроса извозе одлично, но тоа не е единствената важна работа. Да бидете подготвен за шампионатот и да имате подготвен мотор е исто така важно. Во однос на новиот менувач за полесно менување на брзини (кој Honda и Ducati веќе го користат) ние сеуште не сме го тестирале и сеуште не ни е кажано кога да го очекуваме, но од она што го имам слушнато тоа ќе ни даде околу две десетинки побрзо време.

За неговиот мотор YZR-M1, Лоренцо вели:  „Моторот е подобар отколку минатата година но ние сеуште губиме скапоцено време при забрзувањето. Треба да се подобриме во оваа област. Силна страна ни е сопирањето пред свиоци“.

За Валентино Роси, кој се врати во Yamaha  по две сезони поминати во  Ducati, Лоренцо изјави: „Нашиот однос сега е подобар бидејќи и двајцата сме постари. Кога јас се приклучив на Yamaha, бев практично дете (имаше само 20 години), а сега двајцата ги гледаме работите на поинаков начин. Сеуште сме конкурентни возачи и сакаме да победуваме, но знаеме дека ако соработуваме и двајцата ќе имаме корист“.

За Марк Маркез изјави:  Не сум изненаден од неговата брзина бидејќи секој што се разбира од тркање знае дека Маркез  е одличен возач и дека има се што му е потребно за да успее во MotoGP. Тој може да се бори за титулата.

Лоренцо исто така потврди дека Yamaha ќе присуствува на приватниот тест на Honda кој ќе се одржи од 12ти до 14ти Март во Остин. „Сакам да возам на таа патека. Од она што го видов на телевизија за време на Ф1 трката, патеката изгледа неверојатно. Ќе видиме како ќе се покаже за нас“.

Back To Top