MotoGP

Марк Маркез ја продолжи победничката серија на патеката во Америка

Марк Маркез успеа да ги надмине проблемите и стигна до шестата победа по ред на патеката во Остин.

Следете нè на:

 

Иако мораше да стартува од четвртата позиција поради инцидентот кој го имаше со Маверик Вињалес, веќе во првиот свиок Маркез успеа да се пробие до втората позиција, а во водство се најде Андра Ианоне. Сепак, возачот на Suzuki само краток период беше лидер откако веќе во дванаесетиот свиок, Маркез се најде на првата позиција.

3897af32f172ec20a37d99625f07f765

Ианоне успеа да остане блиску до возачот на Honda и веќе во третиот круг, во свиокот број единаесет, имаше неуспешен обид да го претекне. Од тој момент па се до крајот, ниту еден возач не успеа да му се доближи на Маркез и веќе до крајот на петиот круг тој имаше предност од две секунди пред најблискиот ривал. Два круга подоцна, разликата веќе беше двојно зголемена.

Најголемата предност во однос на останатите возачи во еден момент достигна и седум секунди. Ова за Маркез е прва победа во новата сезона и вкупно дванаесета по ред на Американска територија.

А откако Маркез веќе беше недостижен, Ианоне се соочи и со напад од Вињалес кој успеа да го претекне во седмиот круг.

Ианоне успеа да ја задржи третата позиција и стигна до првиот подиум како возач на Suzuki. Веднаш зад него се најде Валентино Роси кој во првите неколку круга од трката се обиде да го претекне неговиот тимски колега Вињалес но сепак не успеа во тоа.

Кал Кратчлоу излета надвор од патеката за време на борбата за петото место кое што на крајот му припадна на Андреа Довициозо. Возачот на Tech3 Yamaha, Јоан Зарко на крајот заврши на шестото место.

Со овој резултат, Довициозо повторно е лидер на табелата овој пат со предност од само еден поен во однос на Маркез. На третото место е Вињалес кој заостанува пет поени.

Тимскиот колега на Маркез, Дани Педроса, на крајот успеа да стигне до седмата позиција и покрај тоа што до самиот крај не беше сигурно дали ќе стартува поради операцијата која ја имаше на раката.

Првите десет места ги комплетираа возачите на Ducati Avintia и Pramac, Тито Рабат и Џек Милер како и возачот на Aprilia, Алеш Еспаргаро. Хорхе Лоренцо мораше да се задоволи со единаесетата позиција, а веднаш зад него беше втората машина на Pramac со која настапи Данило Петручи.

На позиции кои носат бодови се најдоа и Пол Еспаргаро, Такааки Накагами и Алваро Баутиста. Кал Кратчлоу, кој имаше проблеми во текот на трката на крајот заврши на деветнаесетата позиција.

Алекс Ринс и Хафиз Сиахрин излетаа од патеката додека пак Карел Абрахам предвреме да ја заврши трката поради болки во раката по падот кој го имаше во саботата.

Резултати од трка

Позвозачтимкруговиразлика
1 Marc Marquez Honda 20 41m52.002s
2 Maverick Vinales Yamaha 20 3.560s
3 Andrea Iannone Suzuki 20 6.704s
4 Valentino Rossi Yamaha 20 9.587s
5 Andrea Dovizioso Ducati 20 13.570s
6 Johann Zarco Tech3 Yamaha 20 14.231s
7 Dani Pedrosa Honda 20 18.201s
8 Tito Rabat Avintia Ducati 20 28.537s
9 Jack Miller Pramac Ducati 20 28.671s
10 Aleix Espargaro Aprilia 20 28.875s
11 Jorge Lorenzo Ducati 20 31.355s
12 Danilo Petrucci Pramac Ducati 20 34.993s
13 Pol Espargaro KTM 20 37.264s
14 Takaaki Nakagami LCR Honda 20 39.335s
15 Alvaro Bautista Aspar Ducati 20 40.887s
16 Bradley Smith KTM 20 48.475s
17 Scott Redding Aprilia 20 49.995s
18 Thomas Luthi MVDS Honda 20 51.115s
19 Cal Crutchlow LCR Honda 20 59.055s
20 Xavier Simeon Avintia Ducati 20 59.747s
21 Franco Morbidelli MVDS Honda 20 1m00.513s
- Alex Rins Suzuki 10 Без пласман
- Hafizh Syahrin Tech3 Yamaha 8 Без пласман
- Karel Abraham Aspar Ducati 8 Без пласман

Генерален пласман

ПозВОЗАЧПОЕНИ
1 Andrea Dovizioso 46
2 Marc Marquez 45
3 Maverick Vinales 41
4 Cal Crutchlow 38
5 Johann Zarco 38
6 Andrea Iannone 31
7 Valentino Rossi 29
8 Jack Miller 26
9 Tito Rabat 22
10 Danilo Petrucci 21
11 Dani Pedrosa 18
12 Alex Rins 16
13 Hafizh Syahrin 9
14 Pol Espargaro 8
15 Aleix Espargaro 6
16 Jorge Lorenzo 6
17 Franco Morbidelli 6
18 Takaaki Nakagami 5
19 Scott Redding 4
20 Alvaro Bautista 4
21 Karel Abraham 1

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.