Откако ја освои седмата светска титула, Марк Маркез зборува за клучните моменти кои му помогнаа да дојде до титулата трета година по ред.

За време на Гран При трката која се оддржа во Јапонија, Марк Маркез одново влезе во историјата откако успеа да ја освои петата MotoGP титула.  Негова цел сега до крајот на сезоната е да и помогне на Honda да ја освои и титулата кај конструкторите. Зборувајќи веднаш по завршувањето на трката, Маркез ни откри што му помогна да дојде до првото место и колку е важен тимот во неговиот живот.

mm 1

Трката во Јапонија беше многу слична со онаа во Арагон. Претекнување пред самиот крај. Дали тоа беше моментот кога победи на трката?

„Секоја трка е различна и мора да обрнете внимание на тоа за да можете што е можно подобро да се подготвите. Како и секогаш, заедно со Емилио, Санти и Алберто се подготвувавме за трката. Заедно се обидуваме да предвидиме што би можело да се случи. Но кога возите морате и да импровизирате. Повеќе или помалку ги следиме насоките кои се од претходно договорени. На почетокот на трката Довициозо беше навистина брз. Но веќе пред крајот на трката одлучив да нападнам. Тој на секаков можен начин се обиде да ја одложи прославата на титулата, но за среќа ние успеавме да победиме.“

Што си помисли кога излезе од свиокот број 10? Можеше ли да останеш концентриран?

„Во текот на викендот неколку пати размислував на ова. Но во реалноста, многу по спектакуларна беше прашината која се појави кога излегов надвор од патеката. Во овој случај, имав одлична контрола над мотоциклот.“

Дали ја загуби концентрацијата кога дозна дека Довициозо е надвор од трката?

„Секако ми го одзеде вниманието тоа што видов дека Довициозо е надвор од трката бидејќи знаев дека веќе сум шампион. Веќе во првиот свиок кој следуваше направив грешка. Но после тоа успеав да се соземам и да го комплетирам последниот круг. Но морам да признаам дека тој беше навистина долг.“

mm 2

Дали ова беше твојата најдобра сезона? Постои ли можност за напредок?

„Ова беше една од моите најдобри сезони бидејќи многу пати успеав да се искачам на подиумот. Можеби според резултат, сезоната 2014 беше подобра но не можам да се пожалам и оваа година бидејќи напорно работевме и успеавме да се справиме со некои тешки моменти. “

Веќе освои седум титули. Кој момент со нетрпение го очекуваш?

„Тоа е кога доаѓаш во гаражата и ги гледаш лицата на твоите механичари. Иако јас сум тој што се искачува на подиумот, голем број на луѓе работат напорно за да ми го овозможат тоа. Кога губиме, губиме сите но и кога победуваме, победува целиот тим. Исто така, сакаш да стигнеш дома и да прославиш со фамилијата.“

Патеката во Мотеги, покрај тоа што е домашна патека за Honda, на неа успеа да освоиш три од петте титули.

„Таа не е патека на која ги имам постигнато најдобрите резултати, но веќе трет пат успевам да ја освојам титулата во Јапонија. Се до 2016 година немав победено на оваа патека, но се чини кога првите луѓе на тимот се тука, настапувам подобро. Покрај тоа, освојувањето на титулата на оваа патека е навистина добро и за самиот бренд.“

Доби честитки од сите страни на светот. Познати возачи, претседателот на Шпанија...Чија порака ти е особено драга?

„Сите тие се посебни. Започнувајќи од честитиките кои ги добив во гаражата, останатите возачи како и од најдобрите кои некогаш биле дел од овој шампионат. Но, без никакво сомневање, најдрагата порака секогаш е од мојата мајка. Таа не успеа да дојде во Јапонија, но само што ја завршив трката се слушнав со неа.“

mm 3

Мик Дуан, чиј што рекорд го изедначи, вели дека е горд што го дели рекордот со тебе.

„Имам одличен однос со Мик. Неверојатно е што ме споредуваат со него бидејќи првите сеќавања што ги имам од MotoGP се поврзани со него и неговата борба со Алекс Кривие. Немам зборови да опишам колку ми значи тоа што го изедначив неговиот рекорд.“

Сега откако ја освои титулата, како ќе се однесуваш на останатите трки до крајот на сезоната?

„Прво сакав да уживам во оваа титула но веднаш ми напоменаа дека до крајот можеме да освои уште две титули. За конструкторите и за тимот. Ќе продолжиме да работиме напорно за да видиме дали можеме да дојдеме до три титули.“

Со оглед на тоа дека постојано патуваш, многу почесто ги гледаш твоите тимски колеги отколку фамилијата. Откриј ни какви се тие како личности?

„Во мојот тим секој има добри и лоши страни. Најдоброто нешто што ми се допаѓа кај нив е тоа што постојано се обидуваат да бидат среќни. Тоа е најважното нешто. После се, ние сме само луѓе а ова е само работа. Сите можеме да имаме лош ден, но кога сме заедно се обидуваме да бидеме насмеани. Благодарение на нив, мојата работа е многу подобра. Ако треба да откријам некои работи, тогаш би кажал дека лицето кое најмногу јаде во тимот е Карло Луици. Најточен е Џинето, но не поради тоа што секогаш доаѓа на време на работа туку поради тоа што секогаш прв си оди дома. Санти Хернандез и Чави Ортиз се најодговорни. “

На која личност прва и се јавуваш кога имаш проблем?

„Зависи од тоа каков проблем имам. Но најчесто се јавувам на мојот брат, на мајка ми и татко ми и на Емилио. “

Што ти предизвикува насмевка на лицето кога имаш лош ден?

„Кога имам лош ден се обидувам да поминам што е можно повеќе време со брат ми или со пријателите. Искрено, имам многу малку вакви денови.“

Помеѓу сите трки, настани, реклами, дали некаде си отишол како турист? Каде би сакал да отидеш доколку имаш време?

„Секогаш најмногу сакам да бидам дома. Понекогаш е тешко да се разбере ова и многумина ме прашуваат зошто не отидам некаде за едноставно да се исклучам од се околу мене. Ми недостасува мојот дом и сакам да седам на каучот и да гледам телевизија. Но понекогаш е добро да отидете некаде и да се одморите. “

За крај, со оглед на тоа дека се плашите од морето, дали би одбрале да пливате сам на средина на Медитеранот во замена за уште една титула?

„Би го направил тоа и покрај ризикот. Секако, тоа да не биде подолго од пет минути!“

Back To Top