Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Актуелниот светски шампион имаше неверојатна трка заедно со Довициозо и во текот на сите 28 круга двоецот постојано се менуваше на првата позиција. И како и секогаш, Маркез најдоброто го чуваше за крај.

686952

И покрај тоа што се наоѓаше четири позиции пред најблискиот конкурент за титулата, Маверик Вињалес, Маркез одлучи да ризикува во последниот свиок. Но иако заврши на второто место, смета дека имало и позитивни работи: Не само што и Вињалес имаше проблеми, туку во споредба со минатата година, перформансите се значително подобри.

„Секако, во последниот круг размислував за се но не и за титулата. Одлучив да притиснам бидејќи знаев дека победата е многу важна. Но и второто место е подеднакво добро.“

„Минатата година имавме големи проблеми тука. Оваа сезона бевме многу поблиску до возачите на Ducati. Но денеска Довициозо, особено во последниот круг, беше подобар. Се обидов да го претекнам во последниот свиок бидејќи знаев дека ако не го сторам тоа немаше да можам да заспијам. Беше ризично на крајот но сепак сум задоволен бидејќи овие 20 поени се навистина важни.“

„Имав проблеми со предната гума. Сакав да возам со тврда но не ја испробав во текот на викендот и затоа не сакав да ризикувам. Во последниот свиок Довициозо ме прочита што сакав да направам и ми го затвори аголот. Но тоа е нормално бидејќи тој е навистина добар возач.“

„Мислам дека ова беше импресивна трка, навистина возбудлива. Возевме со брзина од 300 километри на час еден зад друг. Во еден момент дури и го допрев неговото тркало. Успеавме да ја преживееме трката. Завршивме на второто место. Ако ми кажевте во четвртокот дека ќе завршев како втор би ви рекол дека тоа е добар резултат. Задоволен сум бидејќи ја зголемивме предноста во шампионатот. Задоволен сум бидејќи ја остваривме целта, се обидуваме да завршиме на подиумот на секоја трка и се обидуваме да бидеме конзистентни во сите услови и на сите патеки.“

Back To Top